Спасовски: Се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

И по речиси две недели од бегството на Груевски, јавноста се уште чека одговори – како екс премиерот ја минал границата со Албанија, веројатно единствената непознаница од мозаикот Груевски..

Како Никола Груевски ја поминал македонско- албанската граница е единствената енигма од сложувалката околу бегството на поранешниот премиер.

Од МВР засега нема никакви одговори за ниту еден аспект од истрагата која ја водат веќе 10 дена. Министерот Спасовски денеска по речиси цела недела излезе во јавноста и изјави дека МВР има прибрано многу информации, но дека не може да ги сподели со јавноста затоа што истрагата е тајна. Тој истакна дека одговорноста ќе се бара откако ќе завршат истражните дејствија.

Последниот нов момент го соопшти црногорскиот министер за надворешни, кој со изјавата дека за преминувањето на Груевски на црногорската територија ги известиле македонските служби, фрли ново светло на случајот и го отвори прашањето – кога македонската полицијата дознала за бегството. Дали известувањето стигнало уште во неделата вечерта или пак откако беше распишана потерницата, еден ден подоцна... Дилема деновиве се отвори и по изјвата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Груевски македонско- албансакта граница ја поминал заедно со унгарци.

Експертот по организиран криминал Љубомир Ѓурчевски смета дека МВР направило доста пропусти и веќе доцни со изнесувањето на деталите од истрагата.

Одговорноста е кај МВР, колку и да сакаат да ја прикријат, министрството досега требаше да излезе со било какви информации дали излезот на Груевски е на легален или илиегален зелен граничен премин. Јас за легалните гранични премини се сомневам затоа што постои висок степен на корупција во МВР особено во делот на граничната полиција.

Имаме празен период до 13ти кога судски курир се обидува да достави упатен налог за издржување на казна и каде што настапува период на викенд кога имаме слободен простор. Тој период е најголемиот пропуст во работењето на МВР.

Со деталите околу тоа на кој начин излегол Груевски од државава би се завршила целосната слика околу рутата по која се движел екс премиерот. Албанските медиуми неофицијално објавија дека тој влегол во Албанија нелегално преку граничниот премин “Блато” кај Дебар , при што имал асистенција од луѓе од доверба.

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека договорот од Преспа е предавнички, поништите го

Во Грција и понатаму една од главните политичките теми во пресрет на евроизборите е Преспанскиот договор, што се отвори по неупотребата на „Северна“ од страна на Сиљановска за време на заклетвата.

По многу жестоки реакции од Мицотакис, лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му фрли ракавица од синоќешниот митинг во Солун. Ако навистина договорот од Преспа го смета за предавнички, да го раскине. Во спротивно да се извини на грчкиот народ, како и на Ципрас и Коѕијас.

-Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: „Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, рече Каселакис.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

притисни ентер