Спасовски : Подготвени сме заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, учествува во работата на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Загреб  преку видео конференција.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска учествуваа во работата на Самитот на ЕУ и Западен Балкан преку видео конференција, кој оваа година се одржува во организација на Република Хрватска како актуелен претседавач на Европската Унија.

На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан дискутираа за соработката за справување со коронавирус КОВИД-19, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.

Обраќањето на премиерот Спасовски на пленарната сесија на видео конференцијата на Самитот ЕУ/Западен Балкан загреб 2020, ви го пренесуваме во целост:

Почитувани екселенции,

КОВИД-19 заразата во изминатите месеци сите заедно не соочи со суров избор помеѓу животот и смртта на нашите граѓани и опстанокот на нашите економии. Загрепскиот самит се случува во вистинско време, кога Европа најпосле забележува намалување на ширењето на заразата и олабавување на рестриктивните мерки. За момент можеме да здивнеме и да ги направиме првите биланси но и да поразговараме за идните очекувања и заеднички чекори. Сакам да изразам искрена благодарност до нашите Хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да го одржиме овој самит макар и во видео конференциска форма што стана наша секојдневна реалност. Овој "Загрепски" самит е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во Загреб беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.

Новиот коронавирус предизвика пустош и не соочи со несогледливи предизвици но донесе и нешто позитивно - јасно покажа дека Европскиот континент има заедничка судбина. Начинот на справување со заразата покажа дека споделуваме иста административна култура и пракси но го подвлече и високото ниво на социо-економска меѓузависност помеѓу ЕУ и економиите на ЗБ, како и помеѓу земјите во самиот регион. Благодарни сме за видливо демонстрираната солидарност и помош од страна на ЕУ во форма на итна поддршка за здравствениот сектор, финансиски пакет за соочување со социо-економските последици како и макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување. Високо го цениме и обезбедениот пристап без преседан до останатите ЕУ механизми и инструменти како и заедничките напори безбедно да ги вратиме нашите затекнати граѓани дома. Благодарни сме што на овој начин ЕУ ги третира нашите држави како да сме речиси дел од Унијата. Тоа ни дава чувство на сигурност дека заедно ќе се справиме со товарот на кризата. КОВИД-19 заразата несомнено ќе продолжи да ја тестира нашата одлучност и сега најважно е да ги фокусираме напорите за опоравување и надминување на економско социјалните последици кои се длабоки во сите наши земји.

Во оваа смисла најавениот Економски и Инвестициски План за Западен Балкан од страна на Европската комисија кој се планира да се објави во текот на есента ќе биде од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот на Западен Балкан. Подготвени сме од наша страна веднаш да ја информираме Комисијата за зрелите инфраструктурни проекти со регионална димензија кои се дел од нашите стратешки планови и да се обврземе да работиме заедно со вас за нивна реализација. Овдека би сакал да издвојам неколку проекти кои делумно веќе се планираат или спроведуваат:

- Проекти за транспортно поврзување со нашите соседи и тоа во железничкиот сообраќај со Бугарија и Албанија и автопатниот сообраќај со Косово,

- Енергетскиот гасен интерконектор со Грција,

- Развој на дигиталната економија и на зелениот раст,

- Поттик на трговијата и туризмот во регионот на Западен Балкан.

Како што веќе добро знаете, Македонија во последните 3 години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и под ваше водство добивме одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори.

Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија. Би сакал во оваа прилика уште еднаш да ве уверам дека Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за Европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка Европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки.

КОВИД-19 заканата не натера на поблиска соработка и нас самите, земјите во регионот на Западен Балкан. Воспоставивме т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во Регионот и следи нивно проширување и спојување со Европските коридори. Македонија оваа година заедно со Бугарија заеднички претседава со Берлинскиот процес. Еден од нашите приоритети е продлабочување на инклузивната регионална економска интеграција и развивање на заеднички регионален пазар врз основа на ЕУ законодавството и почитувајќи ги ЕУ заложбите кои ќе можат да го направат регионот поатрактивна инвестициска зона. Во таа насока заедно со Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија на Самитот во Софија наесен планираме да претставиме документ за натамошно развивање на регионалната економска интеграција.

Во име на Македонија би сакал да потврдам дека се придружуваме кон Загрепската декларација и би сакал да ја искористам можноста да му се заблагодарам на Хрватското претседателство и на земјите членки што ја отворија вратата за редовен политички дијалог на највисоко ниво со Западен Балкан. На крајот би сакал да завршам со констатацијата дека сум длабоко уверен дека заеднички ќе ја надминеме оваа криза и брзо ќе ги опоравиме нашите економии бидејќи и покрај првичните тешкотии Европа покажа, ќе употребам еден типичен балкански збор, „жилавост" во моментите кога беше најтешко и кога меѓусебното разбирање и дејствување беше најпотребно. Тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани. Како лидери на нашите земји и граѓани стоиме подготвени да ја зајакнеме нашата меѓусебна соработка за исполнување на условите за членство во ЕУ и да можеме што поскоро пред останатите во светот заеднички да се нарекуваме "Европјани".

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

Изборната кампања во полн ек - се заострува реториката меѓу партиите

Изборна кампања во полн ек во која секое ветување се става на вага. Вака комуникологот Бојан Кордалов гледа на кампањата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Вели дека се што ќе им се вети на граѓаните ќе се следи колку ќе биде исполнето.

-Веќе во вториот круг можеме да видиме една динамика којашто за актуелната власт ќе ги одрази следните четири години на начин на функционирање, како ќе се преструктуираат и слично, додека за актуелната опозиција сериозен тест колкави какви ветувања ќе дадат во случај да навистина успеат како што ветуваат да ја формираат владата че мора многу бргу да ги спроведуваат. Сега секое ветување се става на вага и секое ветување се запишува и многу јасно ќе се следи. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Иако вели дека политичките пораки и меѓусебните прозивки и провокации кои доминираат во овој период, пресудно влијание врз гласачите нема да имаат со оглед на тоа што најголемиот дел од граѓаните кои излегуваат на гласање уште претходно знаат за кого ќе гласаат.

-Значи 20 или 40 дена чуда не прават. Можеби некој незначителен дел да променат но генералната слика не. Тоа е истражување, тоа е факт, тоа е искуство досега тоа е пракса. Но партиите мора да разберат, и кандидатите дека тоа што го зборуваат денеска е тајмер којшто почнува да врти за следните година, две, три и ги отсликува нивните амбиции каде ќе бидат следните години. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Од изборната капања остануваат уште помалку од десет дена. Загрижувачки, вели Кордалов е што и понатаму останува висок бројот на граѓани кои не гласаат, но ниту на овие избори помеѓу два круга, не очекува дека ќе има промени во бројките околу излезноста.

ДТИ добил петнаесет пријави за непочитување на препораката за денот на изборите

До државниот трудов инспекторат пристигнале петнаесет пријави во однос на непочитување на заклучокот на влада за неработни денови за денот на изборите, потврди за канал 5, директорката на инспекторатот, Весна Томовска.

Од инспекторатот велат и дека за работодавачите кои не ја почитувале одлуката на Владата ќе следуваат казни.

Од Државниот пазарен инспекторат пак, велат дека трговците ја почитувале препораката на Владата.

-За време на изборниот ден 24 април, немаше нерегуларности забележани од ДПИ и Одлуката на Владата се почитуваше од страна на трговците. - ДПИ

Работодавачите на први мај, како и за време на велигденските празници не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процеси заради својата природа не можат да се прекинат.

Од ДПИ таму велат дека доколку добијат насоки за постапување, во следниот период, за време на првомајските и Велигденските празници, ќе постапуваат во согласност со надлежностите.

притисни ентер