Спасовски од Бутел 2: До 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна, грантови за своја фирма до 15.000 евра се реални најави

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбата со жители во Паркот во општината Бутел (Бутел 2) најави покачувања на платите и пензиите и грантови за отворање сопствен бизнис, се наведува во соопштението на СДСМ..

-Најавуваме просечна плата до 34.000 денари и минимална плата до 20.000 денари во следните четири години.

Најавуваме раст на пензиите согласно растот на платите и покачување на најниската пензија за најмалку 21 процент.

Најавуваме грантови до 15.000 евра за млади и за жени, за отворање сопствени фирми, рече Спасовски.

Тој објасни дека ова е предвидено во новата развојна економија поставена на реални основи, бидејки земјата е стабилизирана на политички план, стана членка на НАТО, отвораме преговори со ЕУ и ќе се зголемуваат и поддршката на домашните претпријатија и странските инвестции.

-ВМРО-ДПМНЕ нема концепт како ќе ја води државата, штом планираат да ги загрозат интеграциите и со тоа им паѓаат во вода и сите најави за економијата коишто се зборување напамет. Тие само сакаат обвова на режимот и нови поделби, затоа се опасност. Ние градиме Едно општество за сите дома, се грижиме за сите и ги развиваме евроатлантските интеграции. Затоа опцијата на овие избори е една, да продолжиме заедно во сигурна иднина и со нова развојна економија којашто отвора шанси за сите, рече Спасовски.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

притисни ентер