Спасовски: На Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност

На денешен ден – 2 август Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, рече премиерот Оливер Спасовски на свеченоста по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден. 

Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста, порача денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на свеченоста по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден.

-Борбата на сите наши Илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту за доминација на една држава врз друга. Ниту пак на еден народ врз друг. Почнувајќи од Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и ршенијата на АСНОМ во борбата за слободна и праведна македонска држава се повикани сите чесни, добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност водени единствено од желбата за подобар живот, подвлече Спасовски.

Истакна дека во остварувањето на оваа цел Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други остваруваа и ги делеа заедничките победи кои ни ја овозможија денешната Македонија, држава-членка на НАТО, земја на пат за ченство во ЕУ – земја која меѓународната заедница ја прогласи за најуспешна приказна на Западен Балкан во последните три години.

-Ова се резултати на победи на сите нас. Затоа оваа година го прославуваме Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите", и започнавме да го чествуваме со почести пред споменикот на Слободата „Сила слава и победа". Победа за сите нас, затоа што Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво, а не на поделби. Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите наши идни генерации како завет дека ќе продолжиме заедно нашата вековна иднина, посочи Спасовски.

Како што рече премиерот, денеска кога со сета почит и достојност се сеќаваме на државоторните настани на давата Илиндена во 1903 и во 1944, од перспективата на оваа 2020 година неминовно е да се сочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот кој силно повикува да ја градиме Македонија како граѓанска држава која ке биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници, едно општество за сите.

-Нив исто како и нашите претци должни сме да им се спротивставиме на фашизмот, гласно и храбро, борбата со фашизмот и против делбите на нашите граѓани против сеењето омраза, помеѓу браќа, соседи и другари е наша света обврска. Нашите партизани застанаа храбро и пркосно наспроти фашизмот и благодарение на таа храброст и на тој пркос денеска ние имаме држава. И ништо помалку од тоа не смееме да им оставиме и на нашите идни генерации, подвлече Спасовски.

Ги честиташе двата настани Денот на Републиката – Илинден и АСНОМ, во коишто, како што рече, е собран континуитетот на создавањето на македонската државност.

-Нека ни е честит и вечен 2 Август – Денот на Републиката. Нека ни се честити и вековити Илинден и АСНОМ. Денеска во главниот град на нашата држава во Пелинце и во славно крушево одбележуваме и славиме два настана во кој е собран континуитетот на создавањето на македонската државност, рече Спасовски на свеченоста по повод Илинден на скопско Кале. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер