Спасовски: Ќе станеме дел од Унијата како Македонци, кои говорат македонски јазик

Ќе ги отвориме преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме дел од Унијата како Македонци, кои говорат македонски јазик, вели Спасовски.

Ние сме таа генерација, која го живее сонот на генерациите кои што ја основаа оваа наша современа држава, покажавме дека ја сакаме нашата држава независна, самостојна и суверена, но и како членка на НАТО и ЕУ, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина" во Пробиштип

Тој нагласи дека направивме се и денеска сме членка на најмоќниот воено-политички сојуз, влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата.

И ве уверувам и бидете убедени дека со мудри политики, со многу посветеност пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик, порача Спасовски.

Тој нагласи дека овој наш став е многу јасен и цврст, од него нема бегање и нема менување, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонскиот народ е нешто за што не се преговара и најмалку денес опозицијата може да најде замерки, зашто тие не покажаа став, по ниту едно клучно и важно прашање за нашата држава.

Иднината на нашата од сите зависи од сите нас, но не зависи од структури кои никогаш немале став за одредени прашања и опцијата која тие ја претставуваат е опција која секогаш била опција која става сопка и нов нож во грбот во нашта татковина. Затоа ние сме цврсто решени да ги затвориме сите овие прашања, да ги отвориме перспективите на граѓаните на Македонија, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина" во Пробиштип.

Мајка од Венецуела си ја пиела урината за да ги дои децата, а потоа починала (ВИДЕО)

Марили Шакон од Венецуела го жртвувала својот живот за да ги спаси животите на нејзиниот шестгодишен син и двегодишната ќерка по бродоломот во Атлантскиот Океан.

Според Дејли Мејл, децата биле пронајдени живи на сплав четири дена откако со родителите тргнале на островот Ла Тортуга. Со нив била и дадилка која исто така преживеала.

Исчезнале таткото на децата и уште четири лица кои биле на бродот. Дадилката се вовлекла во бродскиот шкаф за да избегне изгореници.

Според Daily Mail, мајката ја пиела сопствената урина за да може да ги дои децата и да ги спаси од дехидрација. Таа починала три до четири часа пред спасувачите да го пронајдат сплавот на кој била со децата и дадилката. Таа починала од откажување на органите предизвикано од дехидрација.

"Отидоа на патување со брод, сакаа да ги израдуваат децата. Ова е голема трагедија", рекол Хумберто Чакон, таткото на починатата мајка. Продолжува потрагата по исчезнатите.


Талибанците го укинаа Министерството за жени и воведоа полиција за чување на моралот

Талибанското Министерство за образование им наредило на момчињата од средно училиште да се вратат на училиште, но воопшто не ги споменуваат девојчињата, а Министерството за жени е укинато, пренесуваат авганистанските медиуми.

Работниците во главниот град на Авганистан, Кабул, денеска го сменија натписот на Министерството за жени со натпис на талибанска полиција за морал, а поранешните вработени во Министерството велат дека веќе немаат пристап до зградата.

Новата плоча е напишана на мешавина од арапски и дари, и гласи „Министерство за молитва и упатство и промоција на доблеста и спречување на пороците“, објавува Ројтерс.

Поранешните вработени во министерството изјавиле дека неколку недели се обидувале да се вратат на работа, но им било кажано да останат дома, покажува снимката направена пред институцијата.

Влезот во зградата вчера е заклучен, рекла една од жените.

„Јас сум единствена што заработува во семејството“, изјавила друга вработена.

„Сега, кога нема министерство, што да правам јас како Авганистанка?“

Талибанците, кои ја преземаа власта минатиот месец по повлекувањето на американските сили, претходно владееја со земјата од 1996 до 2001 година. Во тоа време на девојчињата не им беше дозволено да одат на училиште, а на жените не им беше дозволено да работат и да се образуваат.

Во тој период, долгогодишното министерство чија плоча беше поставена во петокот стана познато како талибанска морална полиција. Таа го спроведе своето толкување на шеријатскиот закон, кое вклучува строги правила за облекување, јавни егзекуции и камшикување, пренесува Ројтерс.

Талибанците најавија привремена влада на 7 септември, но без да го споменуваат Министерството за жени.

Исламистичката група не потврдила дека се откажала од институцијата, а еден талибански лидер претходно оваа недела рече дека на жените ќе им биде дозволено да работат во владини министерства заедно со мажите.

Талибанското Министерство за образование објави дека од сабота сите машки средношколци мора да го продолжат своето образование.

Наредбата се однесува на учениците и наставниците од шесто одделение натаму. Ниските одделенија веќе се вратија во клупите.

Во соопштението не се споменуваат студентките и кога треба да го продолжат своето образование, ако некогаш им биде дозволено, пишува агенцијата Dpa.

Талибанското министерство за високо образование претходно објавило дека и мажите и жените ќе можат да ги продолжат студиите, но одделно, а жените ќе мора целосно да бидат покриени.

Во изминатите 20 години, за време на американското присуство во Авганистан, студентите од двата пола учеа заедно и немаше кодекс на облекување, што се промени со доаѓањето на талибанците на власт.


Сакал да натепа дете на улица, не знаел дека нападнал светски шампион и лошо поминал (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од насилство, кое завршило неочекувано. Непознат насилник сакал да претепа момче кое седело на клупа со пријателите.

Се покажало дека е светскиот јуниорски шампион во бразилско џиу-џицу Алекс Вилијамс (16). Видеото го објави поранешниот шампион во Cage Warriors, Алекс Енлунд, кој денес му е тренер на Вилијамс.

"Возрасен маж се обидува да нападне 16-годишник кој е повеќекратен светски шампион во Џеј- еј. Алекс покажува смиреност, воздржаност и храброст во оваа ситуација. Запишете ги децата во училиште за боречки вештини. Малку е веројатно дека ќе стане насилник поради смиреноста што се учи на душеците. “, напишал Енлунд во објавата.


притисни ентер