Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт - Канал 5

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. 

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.

Тој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институции – од Владата и здравствените власти, до Институтот за јавно здравје и сите институции кои имале законска обврска навремено да реагираат.

„За ова што се случува во Гостивар, одговорноста е на сите нивоа – од централно до локално. Досега не слушнав дека некој од министрите чувствува одговорност. Зошто затајувањето на здравствените власти не понуди никаква одговорност? Моментот кога првите 200 граѓани од Гостивар се пријавиле во болница не значел ништо ниту за здравствените власти, ниту за Владата. Првичната реакција следува дури по пет или шест дена“, нагласи Спасовски.

Спасовски потенцираше дека токму ваквото институционално постапување покажува како оваа власт ја води државата.

„ Треба да се признае. Да се признае дека ни се случи Кочани и дека нема никаква промена во системот. И дека сега ни се случува ова што се случува во Гостивар, а институциите една недела молчат и ништо не прават во тој момент“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека јавноста сè уште нема одговори на најважните прашања – каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и какви биле резултатите од нив.

„До ден-денеска немаме никаков одговор во однос на тоа каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и така натаму. Ако мострите покажале дека водата била исправна, тогаш треба да се утврди што се случило, како се направени тие испитувања и дали извештаите реално ја отсликувале состојбата“, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека Институтот за јавно здравје има законска обврска континуирано да ја следи исправноста на водата за пиење и да постапува навремено.

„Што правел Институтот за јавно здравје? Тие се обврзани да ја прават контролата на водата, не само во еден град, туку во сите градови“, истакна Спасовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со који ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Мелони ова го соопштила пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, додавајќи и дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“.

– За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – изјавила Мелони.

Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да помине и во парламентот во рок од 60 дена за да стапи на сила

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ ја отвори душата- Каде и да е тато ...

Еден од најдобрите светски кошаркари, НБА ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна.

По драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ  ја отвори душата- Каде и да е тато ...

По драмата околу борбата за децата, еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот Лука Дончиќ ја отвори душата како никогаш досега.

Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна, а неговата најнова објава на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста.

Словенечкиот кошаркарски ас објави серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија, придружени со порака што кај многумина предизвика солзи во очите.

„Г и О, без оглед на тоа каде во светот се наоѓа тато, не поминува ден а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“ – напиша Лука Дончиќ покрај фотографиите од своите девојчиња.

Овој пост на Лука доаѓа по исклучително бурен период во неговиот приватен живот.

Дончиќ раскина со мајката на Габриела и Оливија, Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка и свршеница.

Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, поради што нивното раскинување предизвика бројни реакции. Лука и Анамарија се запознале уште како тинејџери, а нивната врска траела со години.

По бројни подеми и падови, тие се свршиле во 2023 година, а потоа добиле две ќерки. Сепак, нивната љубовна приказна немаше среќен крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

„Единствена Русија“ на Владимир Путин оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија.

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Според прогнозите на ТАСС, владејачката партија е на добар пат да го задржи двотретинското мнозинство во Државната Дума со 450 места..

Изборите се одржаа и на окупираните териториии во Украина, анектирани од Русија и ова се први избори по руската инвазија во Украина.. Ниту една од партиите кои беа против војната не добија дозвола да влезат во изборната трка..

Вчера на последниот ден од гласањето Украина лансираше беспилотни летала кон Москва, при што загинаа две лица а беше запалена рафинерија за нафта

Русија најави интензивирање на нападите кон Киев, и ја обвини Украина дека се обидела да „ја потисне демократската волја на руските граѓани“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер