Спасов: Со новиот оперативен план годинава се очекуваат нови 8.200 вработувања

Отварање нови работни места и намалувањето на невработеноста е еден од врвните владини приоритети. Резултатите се евидентни- невработеноста од 40 % е намалена на 27, 6%, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на денешната регионална конференција за вработување во Југоисточна Европа.

Креирањето нови работни места е резултат на системски мерки, оперативниот план со кој годинава се очекуваат 8200 нови вработувања.

„Почнувајќи од 2007 година, Владата на годишно ниво носи оперативни планови на активни програми и мерки за вработување каде се дефинираат активните мерки за вработување, целните групи, конкретните активности и рокови. Фактот дека од 2007 година до 2014 година преку мерките за вработување од оперативните планови се вработиле над 36.500 лица, што во македонски услови претставува сериозна бројка, говори дека таквиот пристап во справувањето со невработеноста е целосно оправдан, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Учесниците на конференцијата истакнаа дека невработеноста е предизвик со кој се соочуаат сите земји од Југоисточна Европа и затоа потребни се заеднички напори на државите за да се подобрат состојбите.

„Создавањето на раст богат со работни места е клучот за бришење на прекарот што овој регион го носи како „сиромашна периферија“ на Европа - и тоа е предизвикот околу кој е структуирана оваа конференција, сепак во изминатите две децении се спроведени политики за отворање нови работни места, а застарените образовни системи се прилагодени со цел да се надополнат недостатоците од вештини потребни на пазарот на труд“ изјави Џихан Султаноглу, помошник генерален секретар на ООН и регионален директор на УНДП за Европа и ЗНД.

„Создавањето на работни места бара координирани политики за создавање на економски раст и инклузивни работни места. Ова бара одржлива макроекономска политика, клима поволна за инвестиции, силен човечки капитал и подобрени претприемачки вештини особено меѓу младите луѓе“ изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Во контекст на мерките што се преземаат во земјвава Спасов го спомена и проектот „Македонија вработува“ кој опфаќа поголема категорија на граѓани со кој се очекува значително опаѓање на невработеноста.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер