СП Катар: Иран го изненади Велс

Први бодови на фудбалскиот Мундијал во Катар за селекцијата на Иран. 

Сосема заслужено на стартот на 2 коло од групната фаза на Светскиот фудбалски самит во Катар, селекцијата на Иран славеше победа со 2-0 над Велс во второто коло од групата Б .

Иранците заслужени ги освија трите бода во дуелот со благиот фаворит Велс, во меч во кој доминираа и создадоа голем број шанси.

Победникот на мечот беше решен во судиското надополнување. Рузбех Чешми во деветата минута од надополнувањето го отвори резулатот а само две минути подоцна Рамин Резаиан ги постави конечните Иран Велс 2-0.

Иранците значително ја засилија офанзивата кон голот на Велс во исклучувањето на велшкиот голман Вејн Хенеси, кој поради брутален старт доби црвен картон во 86. минута.

Иран по дебаклот против Англија (6:2) во првото коло, со денешниот триумф се врати во игра за посакуваниот пласман во следната мундијалска фаза.

Вечерва во 2 коло до групата Б се игра дербито Англија - САД.

Бракот им траел само 24 дена- се развеле поради натпревар на СП во Катар

Пензионираниот бразилски фудбалер Адријано (40) се разведе по 24 дена брак со фризерката Микаела Мескито (25), објави Екстра Глобо.

Тие неколку дена објавуваа заеднички фотографии на Инстаграм, а во текот на еден викенд во октомври планираа забава за пријателите и семејството.

Сепак, според информациите на бразилските медиуми, Адријано и Мескита се скарале откако поранешниот репрезентативец отишол да ги посети пријателите во Пења, во јужниот дел на Бразил, за да го гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар. . По два дена се вратил дома, настанала расправија и престанале да се следат на социјалните мрежи.

Инаку, Адријано пристигна во Интер во 2001 година, а во следните пет години напредуваше до статусот на еден од најдобрите напаѓачи во италијанската лига. Но, следеше пад на формата, повреди и лични проблеми. Тој признал дека станал зависен од алкохол, во кој нашол утеха откако татко му починал. Тој официјално ја завршил кариерата во 2016 година.

Археолозите откриле што јаделе старите Римјани додека ги гледале гладијаторските борби

Според откритието на археолозите, како што јави Би-би-си, гледачите во античкиот римски амфитеатар Колосеум веројатно уживале во грицки направени од овошје, јаткасти плодови и маслинки.

На локалитетот се ископани бројни остатоци од храна, меѓу кои и остатоци од смокви, грозје, цреши, капини, ореви и друго. До овие откритија археолозите дошле додека ја истражувале канализацијата на оваа градба стара 2.000 години, а пронашле и коски од мечки и големи мачки, кои најверојатно биле користени за борби во арената.

Студијата започнала во јануари 2021 година и вклучувала чистење на околу 70 метри одводи и канализација под Колосеумот, кој останува еден од најпосетуваните знаменитости во Италија.

„Наоди како овие даваат слика на „искуствата и навиките на оние кои дошле на ова место за време на долгите денови на игри и прослави“, изјави за Би-Би-Си Алфонсина Русо, директор на Археолошкиот парк Колосеум.

Специјалисти архитекти и археолози користеле роботи водени со жица за да се движат низ сложениот систем за одводнување на арената, помагајќи им да го разберат секојдневниот живот во Рим, како и древните хидраулични структури.

Колосеумот бил најголемиот амфитеатар во Римската империја и престанал да се користи околу 523 година. Бил познат по одржувањето гладијаторски борби и други јавни свечености, кои можеле да ги следат до 50.000 гледачи.

Пресврт на кинескиот пазар: Фолксваген веќе не е најпродаван бренд

Кинескиот BYD го престигна Volkswagen во рангирањето на најпродаваните брендови.

Според податоците на CMB (China Merchants Bank International), домашниот автомобилски гигант во ноември на кинескиот пазар продал дури 152.863 возила, што е неверојатни 83 отсто зголемување во споредба со истиот месец лани. Во исто време, Volkswagen продаде 143.602 возила, што е пад од 0,3 отсто и падна на второто место во рангирањето на најпопуларните. Ако на резултатот на Фолксваген се додадат 36.847 продадени Ауди, Фолксваген би ја задржал водечката позиција.

Иако недостасуваат податоци за последните неколку денови од ноември за конечната месечна позиција, речиси е сигурно дека BYD за прв пат во историјата ќе биде најпродаваната марка на автомобили на кинескиот пазар. Успехот е уште поголем бидејќи BYD нуди само електрични автомобили и plug-in хибриди.

А кога сме кај електричните автомобили, вреди да се спомене успехот на Tesla, кој ја удвои продажбата во Кина, пред сѐ благодарение на намалувањето на цените. Да напоменеме и дека BYD планира посилен ангажман во Европа, каде што ќе понуди многу конкурентни модели. Палетата наскоро би требало да вклучи дури пет модели.

притисни ентер