СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија - Канал 5

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика.

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание.

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)

Група американски ентузијасти создадоа автомобил кој ретко се гледа на патот. 

Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)

Тие создадоа возило кое е широко три метри од стар Форд, кое може да достигне брзина поголема од 110 километри на час, објави Аутонет.

Кога решија да го преполови стариот Форд Фестива и да го прошират на неверојатни три метри, членовите на американскиот Јутјуб канал Prop Department имаа необична идеја. Сепак, тие не застанаа само на изградба на автомобил кој изгледа сосема поинаку од сè што среќаваме во сообраќајот. Тие исто така успеаја да добијат документација што им овозможува да го возат по јавни патишта.

Резултатот е автомобил кој е речиси широк колку што е долг, а неговиот изглед на улиците привлекува огромно внимание.

Тие користеа уште три автомобили за конверзијата.

Основата на овој необичен проект беше Форд Фестива, мал градски автомобил познат на европскиот пазар како Киа Прајд.

За да ја реализираат својата идеја, авторите набавија уште три автомобили што ги користеа за делови. Секој од нив чинеше само неколку стотици долари.

Прво, го отстранија ентериерот на возилото, а потоа ја исечоа каросеријата по должина. Дополнителни челични елементи беа инсталирани во просторот помеѓу двете половини, така што структурата ја задржа потребната цврстина.

Прилагодувањето на погонскиот систем беше особено тешко. Погонското вратило мораше да се продолжи за повеќе од еден метар за да може моторот да ја пренесува моќноста на тркалата.

Промените не го заобиколија ниту ентериерот. Контролната табла и предниот дел од автомобилот беа прилагодени на новата ширина со помош на делови изработени на 3D печатач.

Исто така, беа инсталирани дополнителен генератор за напојување, како и систем за климатизација.

Има два волани и дури 14 држачи за чаши.

Еден од најнеобичните детали се наоѓа во кабината на овој Форд.

Автомобилот има два волани поставени пред предните седишта, додека на централната конзола има дури 14 држачи за чаши.

И покрај огромната ширина и бројните модификации, возилото е способно да достигне брзина поголема од 110 километри на час.

Неговите креатори открија и дека толку широк автомобил може да има практични примени. Благодарение на големиот простор, тој е погоден за транспорт на гломазни предмети, големи купувања, па дури и дрва.

Полицијата ги запре, но тие можеа да продолжат да возат

Најголемиот предизвик не беше само да се направи автомобил широк три метри, туку да се обезбеди дека на такво возило му е дозволено да учествува во сообраќајот.

Имено, ширината на Фордот ги надминува вообичаените дозволени димензии на патничките автомобили. Затоа, неговите креатори мораа да добијат посебни дозволи за вонреден транспорт, како и соодветно осигурување.

YouTube video

За време на првото сериозно тестирање, кое траеше два дена, тие поминаа повеќе од 640 километри.

Полицијата ги запре неколку пати, проверувајќи ги регистарските таблички, документацијата и начинот на кој толку широко возило се движи по сообраќајната лента.

Сепак, откако утврди дека возачите ги имаат потребните документи, полицијата им дозволи да го продолжат своето патување секој пат.

Така, автомобилот создаден од стар Форд, и покрај неговите необични димензии, успеа да влезе на јавни патишта во согласност со посебните дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група.

И други политичари со името Хитлер

Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата.

Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.

Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода

Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот.

Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт.

- Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер