Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
1Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
МакедонијаФорум на уставни судови во Охрид: Ниската доверба во судството е одраз на целиот системИсториски ниската доверба во судството и слабото владеење на правото се одраз на проблемите во целиот институционален систем, а политичките притисоци и натаму претставуваат сериозен предизвик за независноста на уставните судови во регионот.Ова се дел од пораките од денешната меѓународна конференција во Охрид, каде што во рамките на четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, претседатели и уставни судии од регионот и Европа разговараа за независноста на судството, правната сигурност и враќањето на довербата на граѓаните во правосудните институции. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оцени дека кај нас недовербата на граѓаните не е проблем само на судската, туку и на останатите власти. - Било која од властите, ако се соочува со историски ниска доверба, таа е резултат на целиот систем. Не можеме да речеме дека судската власт има два процента доверба, а другите власти имаат огромна доверба. Немаат. Затоа што тоа е резултат на системот – изјави Костадиновски. Костадиновски оцени дека со измените на Кривичниот законик се легитимирала неказнивоста, што претставува тежок удар врз правната држава. Тој предупреди и на постојаните обиди за политичко влијание врз уставните судови, нагласувајќи дека судиите имаат обврска да им одолеат на притисоците и да ја зачуваат независноста на институцијата. Дека недовербата во судството е директно поврзана со кризата на владеењето на правото, предупреди и уставниот судија Осман Кадриу. „Прашањето за недовербата во судството се однесува и се одразува и на владеењето на правото. Кај нас, во нашата земја и во соседните земји, правото е во криза. Правото е во криза кога не се почитува и погрешно се применува. Правото е во криза и кога законодавниот дом носи ептен лоши закони. Лоши закони во смисла што се противуставни, со штетни последици. Школски пример за тоа е лошиот Кривичен законик и неговите измени од 2023 година.“ изјави – Осман Кадриу, уставен судија. На конференцијата во Охрид, на која учествуваат претставници на уставните судови од регионот и Европа, беше истакната потребата од поголема независност, транспарентност и заштита на уставните права на граѓаните. На четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови е предвидено усвојување на Охридска декларација, со која се настојува да се зајакнат независноста на уставните судови и довербата на граѓаните во нивната работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на СкопјеСо положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес. 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот. Со почит, Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter