Совети против замор и исцрпеност на работа - Канал 5

Совети против замор и исцрпеност на работа

Иако заморот на работа е вообичаен за луѓето - особено во попладневните часови, не мора да му дозволите да Ви го уништи работниот ден.

Совети против замор и исцрпеност на работа

Докторката Тара Сварт од Лондон, Англија, сподели пет совети за борба против работната исцрпеност, коишто, вели, многу лесно ќе се вклопат во Вашата дневна рутина.

Совет бр. 1: Пијте вода и останете хидрирани!

Пред сѐ, д-р Сварт ја нагласи важноста да се пие доволно вода. Таа вели оти дури и блага дехидрација може да ја намали функцијата на мозокот, да ја наруши меморијата и да ја засили тромоста. Таа советува и пиење повеќе вода и додавање електролити после тренинг.

Совет бр. 2: Дремливоста често е поврзана со ручекот

- Ручекот богат со јаглено-хидрати го зголемува шеќерот во крвта, што доведува до неизбежен пад (во енергијата). Наместо тоа, сосредоточете се на храна којашто го поттикнува Вашиот мозок и промовира енергија што ќе Ве одржува, рече лекарката.

Протеините го поддржуваат производството на невротрансмитери (на пр. допамин за мотивација), здравите масти ги подобруваат умствените перформанси, а зеленчукот обезбедува антиоксиданси во борбата против оксидативниот стрес. Д-р Сварт, исто така, препорачува храна како лосос и ореви, што се добри извори на омега-3, кога Ви треба сосредоточеност.

Совет бр. 3: Брзо одење

- Движењето го стимулира префронталниот кортекс и го зголемува протокот на крв во мозокот, објасни Сварт.

Совет бр. 4: Умерено изложување на Сончева светлина

- Имено, ова помага во регулирањето на Вашиот деноноќен ритам и го зголемува серотонинот, што пак, добро влијае на Вашето расположение и нивото на енергија, нагласува докторката.

Совет бр. 5: Вежби со длабоко дишење

Тоа е последен, но не и најмалку важен совет, според Сварт. Имено, стресот може да го зголеми попладневниот замор, а длабокото дишење го активира парасимпатичниот нервен систем, го намалува стресот и ја подобрува будноста. Најдобро е да вклучите неколку вежби за дишење во своето секојдневие, се препорачува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности.

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер