Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото
1Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото
ЗдравјеОсум причини за постојан замор, исцрпеност и чувство на поспаностВо секојдневната трка да завршиме сè што е потребно на работа и во семејството, нашето здравје најчесто го плаќа данокот. Исцрпеноста, поспаноста и постојаниот замор најчесто се симптоми на недоволен одмор на организмот.Сепак, ова може да бидат и знаци за некои болести - од обична настинка до психички проблеми. Како што пишува магазинот Бест лајф, експертите откриле осум можни проблеми поради кои се чувствуваме уморно и поспано. Ако препознаете некои од нив, тоа ќе ви помогне да ги свртите работите во ваша корист, да ја покренете вашата енергија и да се ослободите од постојаното чувство на замор. 1. Исхрана Здравјето на нашето тело, како и нивото на енергија, во голема мера зависи од исхраната. - Доколку исхраната е богата со шеќери и нездрави масти, тоа може да придонесе да се чувствуваме уморно. Ваквиот начин на исхрана предизикува постојани осцилации на нивото на шеќер во крвта, па организмот се бори да го надомести недостатокот на хранливи материи и тоа предизвикува замор - предупредува британскиот лекар Николас Драголеа и советува да се префрлиме на здрава храна. Според него, умереноста е клучна, бидејќи ако имате премногу рестриктивна диета и ги броите калориите, тоа исто така може да доведе до постојан замор на телото. 2. Недостаток на витамин Д Витаминот Д игра многу важна улога за здравјето, имунитетот и јачината на коските. Недостатокот на овој витамин во организмот може да се манифестира преку замор и поспаност, а може да доведе и до депресија. Сепак, како што предупредуваат експертите, пред да се одлучите да го земате овој витамин, задолжително направете ги потребните тестови и консултирајте се со лекар кој ќе ви ја одреди точната доза и време за да користите дополнителни количини на витаминот Д. 3. Недостаток на активност Физичката активност, покрај исхраната е уште една клучна работа за добро здравје. Сепак, повеќето луѓе истакнуваат дека немаат слободно време да се посветат на вежбањето. -Недостатокот на физичка активност може да доведе до намалување на тонусот на мускулите и намалување на енергијата, и да предизвика чувство на умор. Вежбајте редовно додека времето ви дозволува за да ја зголемите циркулацијата, да го подобрите расположението и да спиете подобро. Доколку немате време да тренирате во сала, обидете се да пешачите што повеќе и да ги користите скалите наместо лифтот – препорачува д-р Драголеа. 4. Алкохол Алкохолот и недозволените супстанци (наркотици) се уште една причина поради која се чувствувате безволно и уморно, предупредуваат експертите. Конзумирањето алкохол, дури и во умерени количини, го затапува нервниот систем и нервите во телото, и доведува до замор. Многумина погрешно веруваат дека пиењето чаша алкохол или вино ќе им помогне да спијат подобро. Алкохолот во организмот влијае врз зголемувањето на хормоните на стресот, па сигурно побрзо ќе заспиете, но квалитетот на сонот ќе биде лош. Слично дејство имаат и недозволените супстанци, кои прво ќе ве кренат, а потоа нагло ќе ја изгубите енергијата предизвикувајќи несоница, која потоа тешко се лекува, предупредуваат експертите. 5. Лекови Многумина ќе бидат изненадени, но некои лекови може да предизвикаат замор и поспаност, што е несакана појава од нивната употреба. Ова првенствено се однесува на различни видови антихистамини, бета блокатори кои се користат за лекување на срцето или лекови за ментални болести. Консултирајте се со вашиот лекар и објаснете му какви промени чувствувате, можеби ќе треба да ја промени вашата терапија. 6. Нарушување на расположението Постојаниот замор и поспаност може да бидат показател и за разни психички нарушувања. Ненадејните и чести промени во расположението, анксиозноста и депресијата влијаат на нивото на енергија и доведуваат до чувство на постојан замор. - Нарушувањата на менталното здравје, особено ако се хронични, можат да влијаат на апетитот, расположението и особено на спиењето. Доколку и вие имате постојано чувство на тага и безнадежност, побарајте совет од психијатар кој би ви дал адекватна терапија за справување со вашата психичка состојба – изјави д-р Драголеа. 7. Лоши навики при заспивање Постојаниот замор и поспаност во голема мера се предизвикани од лошите навики при заспивање. Ако пиете премногу кафе и гледате во мобилниот телефон пред да заспиете, тоа само ќе ги разбуди мозочните клетки и ќе имате проблеми со спиењето. Рутината е исто така многу важна, затоа обидете се секоја вечер да легнувате во приближно исто време за вашето тело да знае дека е време за одмор и спиење. За да се ослободите од заморот мора да ги промените лошите навики. 8. Неоткриени болести Постојаниот замор и поспаност во текот на денот може да биде сигнал дека имате болест за која не знаете. Спектарот на болести е широк - од анемија, дијабетес до проблеми со тироидната жлезда. Заморот е само последица на дополнителниот напор на нашето тело да се справи со здравствениот проблем за кој можеби не сте ни свесни. Доколку оваа состојба трае подолг временски период и продолжува дури и откако добро ќе се наспиете и одморите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар и да побарате прегледи и анализи со цел да се утврди зошто постојано чувствувате замор и поспаност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвотоДржавата ќе гради национален дата центар со средства обезбедени преку грант или евтин заем од ЕУ. Ваков проект како што потенцираше премиерот Мицкоски е предвиден и во реформската агенда и во него ќе чуваат податоците од сите институции и ќе обезбеди нивна заштита. Посочи и дека во земјава веќе постои дата центар во Прилеп кој е секундарен и дека и тој ќе биде поврзан со националниот дата центар. -„Тој дата ценатр преку системот на интероперабилност ќе ги совере сите институции на едно место и тука ние ќе имаме сајбер заштита на сите институции одеднаш. Сега секоја институција од сајбер напади се брани како знае и умее, а потоа тој примарен дата центар ќе го поврземе и со веќе постоечкиот секундарен дата центар кој што е во прилепско за да имаме заштита. Ако не дај Боже настане упад во системот на интероперабилност да можеме преку секундарниот дата центар да ги заштитиме податоците. И терцијално решение ќе имаме национален клауд каде што за секој случај ќе ги чуваме сите податоци од сите институции“– Христијан Мицкоски, претседател на влада Според премиерот нема потреба за загриженост од изгрдбата на вакви центри во Македонија. Појасни дека би се граделе на локации каде постојат услови и каде тоа е дозволено со закон, а струјата која ќе ја трошат ќе си ја плаќаат инвеститорите. Критиките на опозицијата за нивна изградба ги оцени како политизирани, кои се темелат на застарени аргументи. „Струјата ќе ја плати оној кој по цена која ќе ја договори на слободниот пазар. Кога станува збор за системот на ладење и тука сакам да кажам дека опозицијата испраќа порака кои што се стари 10, 15 или 20 години. Има сосема поинакви начини на ладење во зависност од намената на тие дата центри – дали ќе се користат за вештачка интелегенција или за други цели. Ако сакаме да бидеме лидери тоа е иднината и јас апсолутно и политички и како професор и инжењер стојам позади изградбата на оваа индустрија и ќе ја поддржам целосно и владата ќе го превземе институционалниот ризик“-– Христијан Мицкоски, претседател на влада Спроед СДСМ пак изградбата на дата центри се договараа зад заворени врати, нетранспарентно и без никакви детали со кого се преговара и под кои услови. Бараат да се објави името на мултинационалната компанија со која се преговара и тврдат дека ваквата индустрија ќе значи загрозување на природните ресурси во државата. „Мицкоски не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода? Прво договорите и анализите на маса. Потоа приказните за инвестиции“, порачуваат од СДСМ. Премиерот Мицкоски вчера откри дека Влдата прегвара со со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, од кои една е голема мултинационална компанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјаниКобен ден за семејство од Македонија- во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камионна автопат во Словенија загинаа тројца, од кои две деца и нивната баба, а нивните родители се тешко повредени.Неофицијално, според информациите на Канал 5 се работи за четиригодишно и 11 годишно дете, а жената имала 74 години, родум од Центар Жупа, а живееле во Равена, Италија. Тие починале на самото место, а за 33-годишната мајка која имала тешки повреди бил ангажиран хеликоптер за транспорт до клиника. Таткото, пак,кој го возел автомобилот, бил пренесен со амбулатно возило. Дека се работи за македонски државјани потврдија од македонското МНР, од каде соопштија дека амбасадата во Љубљана е во комуникација со тамошните институции за понатамошниот тек на постапката. За несреќата има детали и во билтенот на словенечката полиција. - На 27 август околу 16:30 полицијата била известена за сериозна сообраќајна несреќа на автопатот, помеѓу Унец и Равбаркоманда. Учествувале камион и патничко возило. На местото на настанот веднаш биле испратени неколку полициски патроли и пожарникари. Товарното возило поради дефект останало за прено на лента за застанување. Возачот на патничкиот автомобил удрил во задниот дел од приколката. Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт на три лица.-МВР на Р. Словенија Словенечките медиуми споделуваат и детали како настанала трагедијата. Наводно камионџијата бил 64 годишен маж од Босна и Херцеговина и бил надвор од возилото па затоа не е меѓу повредените. Семејството се возело со Ауди А4 управувано од 39 годишниот маж, кој прво удрил во заштитната ограда, а потоа во камионот. Причината на судирот засега е непозната. Километарските колони создале проблеми и за екипата на итната помош, која едвај пристигнала до местото на настанот. Според медумите имало и такви возачи кои не создале услови за коридор на брз проток на албулантното возило, а не ги почитувале ниту насоките од полицијата да не излегуваат од возилата. Од моментот на судирот од попладне до полноќ автопатската делница накај Копер била затворена поради увидот на истражните органи и возилата биле пренасочувани кон Логатец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваатЛидерот на СДСМ, Венко Филипче беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.На сите православни верници им го честитам овој голем празник и им посакувам добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат – љубовта, добрината, солидарноста и грижата еден за друг. , напиша Филипче на Фејсбук.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40