ЖивотСовети и идеи за квалитетно време со децата за време на изолацијаСедењето дома со децата повеќе денови е голем предизвик за секој родител.Читање книги, учење низ игра, разгледување фотографии или готвење заедно, се само дел од советите и идеите како да поминете квалитетно време со вашите деца за време на изолацијата, што ги споделува на својот фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Седењето дома со децата повеќе денови е голем предизвик за секој родител, па министерот Филипче споделува повеќе алатки и препораки од психологот Иво Куновски за периодот со ограничено движење. Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат. Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани. Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат итн. Вклучете ги децата при припрема на храна и готвење. Готвењето може да е дополнителна едукативна активност за децата. Разговарајте за начинот на готвење, улогата на квасецот, зачините, состојките, потребните количини, читање рецепти и етикети од производи итн. Доколку возможно, дозволете им на децата да припремаат форми од тесто, да ставаат зачини или на друг начин да се вклучат во готвењето, пишува на неговиот фб статсус министерот Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија по мистериозната смрт: Нема ризик од епидемија на чумаРуската служба за здравствен надзор, „Роспотребнадзор“, денес соопшти дека не постои епидемиолошки ризик за населението во источносибирскиот регион Иркутск по смртта на вработена во локалниот институт за истражување на чума.„Роспотребнадзор“ го пријави случајот во Светската здравствена организација (СЗО), а лицата кои биле во контакт со починатата работничка биле тестирани за заразни болести. Резултатите не покажаа знаци на инфекција ниту присуство на опасни патогени. „Целосно се спроведени превентивни и противепидемиски мерки и не постои епидемиолошки ризик за населението во Иркутск или во регионот Иркутск“, соопштија од „Роспотребнадзор“. Сомнеж за чума по смртта на вработена во институтот Случајот привлече внимание бидејќи починатата била 28-годишна жена која работела во институт за истражување на чума. По нејзината смрт постоеше сомнеж за инфекција со чума, но руските власти тврдат дека во институтот не се случил никаков лабораториски инцидент. Според „Роспотребнадзор“, жената починала од пневмонија со непознато потекло, а во нејзините примероци не биле пронајдени микроорганизми поврзани со работата на институтот. За каква болест станува збор? Пневмоничната чума е една од најтешките форми на болеста предизвикана од бактеријата „Yersinia pestis“. Таа може да се пренесе преку респираторни капки, а третманот со антибиотици може да биде ефикасен доколку се започне доволно рано. СЗО побара информации за случајот од руските власти во согласност со Меѓународните здравствени прописи.Тагови: русија чума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животиПод слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина. Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи. Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности. „Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, - порача претседателката Сиљановска- Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина. Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал. „Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село. Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата. Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент. По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе. Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика. А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука - МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретреси во просториите на најголемите производители на пиво во ЈапонијаЈапонските власти извршија претреси во просториите на најголемите производители на пиво во земјата поради сомневања дека заеднички делувале на зголемување на цените на производите.Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени и просториите на пиварниците Сапоро и Сантори Спиритс. Двете компании се замолени за коментар. Акциите на Асахи, Кирин и Сапоро паднаа по објавувањето на истрагата. Сепак, Сантори не е јавно тргувана компанија, па затоа нејзините акции не се котирани на берзата. Според Јапан Тајмс, истрагата се фокусира на зголемувањето на цените спроведено од компаниите во април минатата година и октомври 2022 година. Сите четири компании објавија зголемување на цените, наведувајќи ги зголемените трошоци за суровини и други фактори како што се трошоците за енергија и транспорт. Реакции од Кирин Холдингс и Асахи Кирин Холдингс изјави дека нејзината подружница, Пиварницата Кирин, била претресена „поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија“. Компанијата изјави дека го сфаќа прашањето многу сериозно и целосно ќе соработува со Јапонската комисија за фер трговија, исполнувајќи ги сите барања за соработка. Кирин Холдингс порача: „Влијанието на ова прашање врз финансиските резултати на компанијата сè уште не е утврдено. Компанијата ќе открие какви било значајни информации во врска со понатамошниот развој без одлагање“. Пиварниците Асахи соопшти: „Ние сме под истрага од страна на Јапонската комисија за фер трговија поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија. Целосно ќе соработуваме со Комисијата“. Извор: Индекс.хрТагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter