3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветСовет НАТО-Украина: Сојузниците го потврдија ветувањето за зајакнување на одбраната на Украина Советот НАТО-Украина се состана денеска по неодамнешните тешки руски воздушни напади врз украинските цивили и инфраструктурата.Сојузниците силно ги осудија руските неселективни напади и ја потврдија својата посветеност за дополнително зајакнување на одбраната на Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претседаваше со состанокот, рече: „Украина продолжува да пресретнува руски ракети на дневна основа, спасувајќи безброј животи. Но, способноста на Украина да ја одржи својата одбрана бара зголемено снабдување и поголема поддршка. Во пресрет на последниот руски напад, сојузниците денеска потврдија дека ја засилуваат својата воена помош за Украина. Мора да продолжиме да ѝ даваме на Украина опрема и муниција што ѝ се потребни за да се одбрани од руската инвазија. Ова е од витално значење за способноста на Украина да остане во борбата“. Од почетокот на целосната инвазија на Русија, сојузниците дадоа невиден придонес во одбраната на Украина. На Самитот на НАТО во јули, бројни сојузници објавија дека ќе ѝ испратат на Украина дополнителни стратешки системи за воздушна одбрана, вклучително и повеќе ракетни системи Патриот, а сојузниците се согласија дека заедно ќе обезбедат минимум 40 милијарди евра безбедносна помош во следната година. Сојузниците, исто така, се согласија да ја координираат безбедносната помош и обука за Украина, при што новата команда на НАТО ќе ги преземе овие задачи кои ќе станат оперативни во септември. Денешната средба се одржа на амбасадорско ниво и беше свикана на барање на Украина. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ги информираше сојузниците преку видео-врска за актуелната безбедносна ситуација и приоритетните потреби за капацитети. Советот НАТО-Украина беше создаден на Самитот на НАТО во јули 2023 година и служи како форум за заеднички консултации, донесување одлуки и активности меѓу НАТО и Украина. Амбасадорите од земјите-членки на НАТО и украинските официјални претставници обично присуствуваат на состаноците на Советот, соопшти НАТО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на МихаиловаЗа бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова –Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје. Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична. –. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски. За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување. Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември. Тагови: ива михаилова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар. Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар. Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унијаМакедонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки. -Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија. Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа. На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман. -Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook