Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Шоу бизСоул иконата Перси Слеџ почина утровоАвторот на хитот „When A Man Loves A Woman“ Перси Слеџ почина утрово на 73 годишна возраст.Слеџ починал во неговиот дом во Луизијана по долгогодишна борба со ракот. Пред да биде откриен како голем музички талент Перси Слеџ работел во болница и постојано им пеел на пациентите. Роден е во Алабама. Светски познат стана во 1966 година кога беше објавена неговата култна песна „When a Man Loves a Woman“. Оваа песна е на 53 место на списокот на магазинот „ Rolling Stone“ за најдобри 500 песни на сите времиња. Иако имал и други познати хитови, оваа песна останува неговиот белег во светската музичка индустрија. Во биографијата на Перси Слеџ стои дека таа е инспирирана од вистинска случка - ја напишал откако девојката го оставила за друг. Перси Слеџ зад себе остави сопруга, 12 деца, 15 внуци и правнуче. - Беше прекрасен човек во ужасен бизнис. Навистина отскокнуваше - рече музичкиот агент на Слеџ, Стив Грин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештај на ЕК: Нема напредок за уставни измени, корупцијата останува широко распространетаНеусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија.Неусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за оваа година. Ресорната еврокомесарка Кос, во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, повторно ја повика Македонија да ги исполни превземените обврски од 2022та година. - Македонија покажа посветеност кон реформите на ЕУ во рамките на реформската агенда, сега треба да покаже соодветни резултати за да напредува на својот пат кон пристапување. Условите се јасни: Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 2022 година. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува отворање на првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Сега сè зависи од Македонија. Во меѓувреме, техничката работа околу критериумите за отворање на кластерот 1 напредуваше,- - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување. И во годинешниот извештај на ЕК, земјава е пофалена за ндворешната политиака... Дополнително, се потсетува и на постоечките билатерални договори со соседна Грција и Бугарија, кои треба да бидат спроведени со добра волја од сите засегнати страни. -Македонија ја задржа целокупната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската воена агресија врз Украина, со што испрати силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон ЕУ и се покажа како доверлив партнер. Најголеми критики пак, има за корупцијата, која според оценката на ЕК останува распространета и нема напредок во борбата против неа, поради што Комисијата советува усвојување на нов Кривичен законик, нов Закон за кривична постапка и распределба на повеќе ресурси за Обвинителствата. -Корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, кои се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, не ги решаваат соодветно негативните последици од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност. Предметите за корупција на високо ниво и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата за неказнивост,- - извештај за Македонија. Во состојбата со правосудството се нотира одреден напредок, со оглед на тоа што земјава ги усвоила законите за Судски совет, Советот на јавни обвинители, платите на судиите и јавните обвинители, како и за парнична постапка. Меѓутоа, се предупредува на нарушена независност поради, како што пишува, постојано мешање од страна на други гранки на власта. -Севкупната независност и финансиската автономија на правосудството се нарушени поради постојаното мешање од страна на другите гранки на власта, како и поради драстичниот недостиг на финансиски и човечки ресурси,- - извештај за Македонија. Во реформите на јавната администрација пак, се бележи одреден напредок, но останува да се усвојат Законите за административните службеници и вработените во јавниот сектор, а недонесувањето на новиот Изборен законик исто така е нотирано. Како дел од овогодинешниот пакет на извештаи за сите земји-кандидатки, четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија добија конкретни патокази а Кос нагласи дека очекува Црна Гора следната година да ги финализира сите преостанати чекори и да стане 28та членка на Унијата во 2028та година. Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за дигитална трансформација предводник во реформите за пристапување кон ЕУЕвропската комисија ги препознава конкретните резултати во законодавното усогласување, проширувањето на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и сајбербезбедностаМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Европската комисија во Извештајот за 2026 година констатира „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а истовремено го подигнува и нивото на подготвеност на земјата од „умерено“ на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Овие оценки го потврдуваат значењето на спроведените дигитални реформи за напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија. Подобрувањето е особено значајно во споредба со претходните години. Во четири последователни извештаи, од 2021 до 2024 година, Европската комисија констатираше „ограничен напредок“ во ова поглавје. Во 2025 година оценката се подобри на „одреден напредок“, а во 2026 година достигна „добар напредок“, придружен со повисока оценка за подготвеноста на земјата. Европската комисија ги препознава конкретните резултати во законодавното усогласување, проширувањето на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и сајбербезбедноста. Долгогодишните препораки добиваат конкретен одговор преку усвоени закони и стратегии, нови оперативни капацитети и поголемо користење на дигиталните услуги. Меѓу клучните реформи се усвојувањето на долгорочната ИКТ стратегија со акциски план и Стратегијата за сајбер-безбедност, донесувањето на законите за електронски комуникации и за безбедност на мрежи и информациски системи, како и законските измени за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Дополнителното усогласување во областа на електронските комуникации претставува важен чекор кон европските правила и стандарди. Резултатите се видливи и во услугите што ги користат граѓаните и компаниите. Европската комисија констатира дека користењето на електронските услуги е удвоено во однос на претходната година. Според податоците опфатени во извештајот, на крајот на август 2026 година на Националниот портал биле достапни 338 електронски услуги, вклучително и делумно достапните услуги. Препознаено е и воведувањето услуги што граѓаните најчесто ги бараат, како изводи од матичните книги и уверенија за државјанство, како и подобрувањето на пристапот до услугите за бизнисите. Напредок е забележан и во дигитализацијата на работата на институциите. Централниот систем за управување со документи го користат 44 институции, а зајакнувањето на интероперабилноста, односно електронската размена на податоци меѓу институциите, е издвоено како еден од резултатите што придонесуваат за позитивната оценка. Во областа на сајбербезбедноста, покрај усвоената законска и стратешка рамка, воспоставен е и MKD-GOV-CSIRT, владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти. Вложувањата во современи технологии и стручни капацитети ја зајакнуваат способноста на институциите да одговорат на сајберзаканите. Позитивните наоди за дигитализацијата се присутни и во делот од извештајот посветен на услугите кон граѓаните и бизнисите во рамките на реформата на јавната администрација. Европската комисија во овој дел констатира значителни подобрувања во текот на 2025 и почетокот на 2026 година, потврдувајќи ја важноста на дигиталната трансформација за поефикасно функционирање на институциите. Министерството за дигитална трансформација, во соработка со институциите и партнерите, продолжува со спроведување на реформите и преостанатите препораки на Европската комисија. Повисоките оценки се потврда за досегашните резултати и поттик за натамошна работа кон модерна, ефикасна и безбедна дигитална држава, со побрзи и подостапни услуги за граѓаните и компаниите.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Клековски најави нови проекти во здравствотоМинистерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети - поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство.Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои денеска на прес-конференција зборуваше министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот информираше дека новата есенцијална листа опфаќа 392 лека, од кои 193 се нови. Со ЦФ модулатори се лекуваат 126 пациенти со цистична фиброза, наспроти три во 2021 година. За пациентите со мултиплекс склероза се подготвени протоколи за дисперзирана терапија, а од вкупно 835 пациенти, 491 живеат надвор од Скопје. Деблокирана е донацијата на фактор VIII, а за сезонскиот грип се обезбедени 86.000 дози вакцини. -Резултатите што ги презентираме не се изолирани активности, туку дел од поширок процес на системско унапредување на здравството. Зад секоја бројка стои конкретна промена, односно повеќе пациенти со пристап до терапија и подобра достапност на здравствените услуги, изјави Клековски. Во болниците, обновени се трауматологијата на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија, а во Бардовци е реновиран „машкиот оддел 2“. Клиничката болница Битола добива опрема над 30 милиони денари, а во Клиничката болница Тетово се вработени 109 досегашни договорци. Во болницата „Св. Еразмо“-Охрид се очекува да завршат активностите за ново крило и четири операциони сали, додека пак, реновирањето на психијатриските установи продолжува во Демир Хисар. Клековски најави реформа на итната медицинска помош, која предвидува издвојување на службата од ЗД Скопје, систем со парамедици и реорганизација на Ургентниот центар во клиничкиот центар. -Онаму каде што треба многу повеќе да направиме се радиодијагностиката, онкологијата, КЦ „Мајка Тереза“ и секако обмислување на концептот за долгорочна нега, додаде Клековски. Министерот зборуваше и за Стратегијата за дигитално здравство до 2030 година, дигитализацијата на услугите. -Свесни сме дека пред нас има уште многу работа. Но, важно е што процесите се движат, реформите се спроведуваат, а резултатите постепено стануваат видливи. Нашиот фокус останува на пациентот и создавањето здравствен систем кој ќе биде одржлив, современ и достапен за сите граѓани, истакна министерот за здравство.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook