3Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
Шоу бизСораја се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во АлбанијаКонтроверзната српска старлета и поранешна регионална натпреварувачка во „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа во Албанија, јавуваат српските медиуми.Сообраќајната несреќа се случила во саботата. Сораја возела црн џип мерцедес. Од силниот удар во воланот со градниот кош, ѝ се скршиле ребрата и последователно се здобила со внатрешно крварење, пишуваат српските медиуми. Информер пишува дека поради тешката состојба била префрлена од Албанија во Хрватска на операција. "Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја! Веднаш по судирот, таа е префрлена во приватна клиника во Албанија, каде ѝ била извршена операција. Меѓутоа, вчера нејзината состојба се влошила и се појавило внатрешно крварење. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат на нова операција до Хрватска“, изјавил извор близок до старлетата за локалните медиуми. "Сораја со другарка тргнала од Косово во Албанија. Возела џип мерцедес, во кој ненадејно удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ шофершајбната! Таа со градите удрила во воланот при што и се скршиле ребрата и има повреди на внатрешните органи“, додал изворот. Старлетата и нејзиниот придружник наводно морале да бидат извлечени од автомобилот од пожарникари. Сораја Вучелиќ ѝ стана позната на јавноста во регионалниот Голем брат во 2011 година. Родена е во Книн, но српските медиуми пишуваат дека во детството морала да замине во Црна Гора поради тешките семејни односи со нејзината мајка. Нејзината мајка не можела да се грижи за неа, па Сораја завршила во семејство во Војводина. Името на Сораја често се споменува во Србија во врска со мафијата. Автомобилите ѝ биле запалени неколку пати, а била сведок во разни криминални случаи во Србија, меѓу кои и убиства и обиди за убиства. Во 2018 година било објавено дека ѝ е забранет влез во Србија. „Таа е прогласена за безбедносно ризично лице, имајќи предвид дека Србија има оперативни сознанија дека Сораја има контакти со сомнителни лица од Црна Гора“, изјавиле тогаш извори за српските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗападот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?Геополитичката трка за критични минерали ги принудува западните држави сè поактивно да го финансираат рударскиот сектор.Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, Западот ќе продолжи да зависи од Кина за суровините клучни за современата технологија и одбраната. Но, додека развиените земји бараат начини да го зголемат јавниот капитал за ископ, во Македонија стои неискористен приватен инвестициски потенцијал. Проектот за бакар „Иловица“ останува во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Во време кога критичните минерали се основа за економска отпорност, игнорирањето на овој рударен потенцијал значи пропуштена можност за позиционирање на Македонија во новите глобални синџири на снабдување. Како што се истакнува во извештаите, битката за ресурси ќе ја добијат само оние земји кои можат брзо да мобилизираат капитал и да ги префрлат стратешките проекти во фаза на производство. Домашните експерти веќе апелираат Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал во соработка со западните партнери. Рудникот Иловица има капацитет да експлоатира 10 милиони тони руда годишно (со просечно производство од над 10.000 тони бакар) во период од 23 години. За разлика од Западот кој бара јавни пари, за овој проект веќе има приватен капитал кој нуди огромни економски придобивки: 340 милиони евра инвестиција само во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс. Стотици нови директни вработувања. 75 милиони евра годишно кои ќе се слеваат во локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, текстилната индустрија и тековното сервисирање. Во меѓувреме, Западот се соочува со недостиг на бакарен концентрат поради застрашувачката пазарна доминација на Кина, која досега инвестирала 98 милијарди долари во вакви проекти. Според Меѓународната агенција за енергетика, светот има потреба од над 500 милијарди долари нови инвестиции во критични минерали. Затоа, реализацијата на подготвени и финансирани проекти како „Иловица“ претставува стратешки императив кој носи долгорочен економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЕвропаЛатвија откри тунел под границата со Белорусија, користен од мигрантиЛатвија денес објави дека открила тунел под границата со Белорусија и најави планови за сузбивање на мрежите за кои тврди дека им помагаат на сè поголем број мигранти илегално да ја преминат границата.Минатиот месец, летонски војници употребија солзавец и испукаа предупредувачки истрели за да ги запрат мигрантите кои се обидуваа да влезат во земјата од Белорусија, која дели граница долга 173 километри со Латвија, земја-членка на Европската унија. „Заштитата на источната граница на Латвија ќе се засили, граничната контрола, полицијата, вооружените сили и безбедносните служби ќе соработуваат поинтензивно, а беспилотните летала ќе се користат почесто за рано откривање и задржување на илегалните мигранти“, изјави министерот за внатрешни работи Јанис Домбрава на заедничката прес-конференција со премиерот Андрис Кулбергс. Во последните недели, европските земји изразија загриженост поради илегалната миграција, откако десетици илјади луѓе преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, иако оттогаш повеќето од нив ја напуштија шпанската територија. Кулбергс изјави дека криминални групи им помагаат на мигрантите да влезат во Латвија – а со тоа и во Шенген-зоната без внатрешни граници – од Белорусија, но дека нивните крајни дестинации се наоѓаат на други места на континентот. „Тие мигрираат таму каде што е полесно (да се влезе во ЕУ). Затоа, ние не смееме да бидеме најлесното место (за влез)“, рече Кулбергс на прес-конференција. Тој вети дека ќе преземе строги мерки против мрежите што ги превезуваат мигрантите од границата до нивните дестинации и дека ќе ги идентификува сите локации што ги користат мигрантите во рамките на Латвија. „Ако сè оди според планот, уверени сме дека ќе му зададеме доволно силен удар на системот“, рече Кулбергс. „Сакам да им порачам на организаторите: на сето ова ќе му дојде крај.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманиетоКога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието.Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт. Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму. Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент. Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook