Соработникот на Трамп, Стив Банон, денеска мора да се пријави за издржување казна затвор

Поранешниот советник и близок соработник на Доналд Трамп, Стив Банон, денеска е повикан да се јави во федералниот затвор во државата Конектикат на отслужување на четиримесечната затворска казна.

Поранешниот советник и близок соработник на Доналд Трамп, Стив Банон, денеска е повикан да се јави во федералниот затвор во државата Конектикат на отслужување на четиримесечната затворска казна изречена поради непочитување на поканата во истрагата на Конгресот за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари 2020 година.

Судијата што го води неговиот случај му дозволи да остане на слобода во текот на двегодишниот жалбен процес, но денеска, откако советот на Апелациониот суд ја потврди неговата осуда за непочитување на Конгресот и Врховниот суд ја отфрли неговата последна жалба, и му нареди да веднаш да се пријави за издржување затворска казна.

Поротата го прогласи Банон за виновен по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот: првото за одбивање да сведочи пред комисијата на Претставничкиот дом во врска со настаните од 6 јануари 2020 година и второто за одбивање да предаде документи поврзани со неговата вмешаност во обидите на поранешниот претседател Трамп да го оспори изборниот пораз кој во 2020 година му го нанесе кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден.

Еве колку често треба да ја миете косата за време на летниот период

 – Одговорот ќе ве изненади!

На топлото време, правилната нега на косата е исклучително важна.

Многупати сме слушнале дека косата не треба да се мие премногу често, исто така не можеме да одиме никаде ако е валкана, а импровизирањето фризура на масна коса е тешко. Сепак, оние жени со погуста коса ќе се согласат дека за време на летото, скалпот постојано им се влажни од пот, а косата брзо се масти, па честопати се во искушение да ја потстрижат кратко. Кога сме на плажа и се сончаме, таа дополнително може да се замасти поради користењето крема за сончање.

Почестото миење на коса за време на летото е повеќе од пожелно

Иако многу жени досега биле во заблуда дека треба да избегнуваат често миење на косата, Мани Бонер, стручњак за проблеми со косата, објаснува дека е безбедно секојдневно миење на косата во текот на летото.

- Ако сакате да го одржувате вашиот скалп чист, особено за поздрав раст на косата, ова е задолжително. Секогаш препорачувам, во текот на годината, да не ја миете косата почесто од трипати неделно, но за време на летото ако пливате, или се потите, можете да ја миете секој ден или барем секој втор ден, доколку е потребно - открива таа.

Заштитете ја косата во текот на летото

Изложувањето на косата на УВ зраците во текот на летото ја оштетува вашата коса, ја прави посува и поподложна на кршење. Од друга страна, доколку се фарбате, бојата побргу избледува. Ако се борите со сува коса, Бојнер препорачува да користите производ на база на влага кој ќе ја хидрира вашата коса. Тие производи содржат есенцијални липиди во својата формула за да ја вратат природната влага на косата која се губи за време на високите жештини и за да ја хидрираат.

Избегнувајте многу топла вода

Повеќето луѓе сакаат да се капат во топла вода бидејќи таа поефикасно ја отстранува нечистотијата и потта. Но кога ја миете косата, експертите советуваат да ја миете со млака вода, која ќе ја отвори кутикулата на влакното и ќе овозможи шампонот и регенераторот да продрат во неа, а притоа нема да ја оштетат косата или да ја исушат кожата на главата. Тоа е важно за нејзиниот здрав раст, пренесува „Yahoo“.

Можете исто така да нанесете заштитен фактор на вашата коса

Иако за многумина може да биде зачудувачка информација, експертите напоменуваат дека за време на сончањето, може да нанесеме крема за сончање на скалпот и на прамените. Доколку чувствувате печење на скалпот додека се сончате, а не носите капа, сосема е прифатливо да посегнете по кремата за сончање, таа ќе ве заштити од сонцето. Шампонот за коса го отстранува секој производ од неа, а Бојнер истакнува дека и масажата на скалпот исто така е корисна и делува смирувачки.

За да избегнете оштетување на косата, важно е да се напомене дека скалпот треба да биде влажен кога е топло, а косата хидрирана и заштитена од сонцето, па Бојнер препорачува почесто миење.

Извор: srecna.republika.rs

Магичниот остров на Медитеранот магнет за многу туристи

Уживајте во преубавите плажи и топлото море!

Ако сè уште не сте одлучиле каде ова лето, овој романтичен остров е препорака за многумина.

Рајскиот остров, како што го нарекуваат Кипар, не залудно го носи ова име, бидејќи штом ќе зачекорите на неговото тло, навистина ќе имате чувство дека сте во рајот. Ќе бидете опкружени со прекрасните плажи и недопрената природа, а бојата на морето ќе ве маѓепа на прв поглед. Последниве години, нашите туристи со задоволство избираат да летуваат на овој остров бидејќи нуди можност да доживеете вистинска егзотика, и тоа многу поволно.

Без разлика дали одите со друштво или со семејството, на ова егзотично одморалиште, како еден од поголемите острови на Медитеранот, сигурно ќе го најдете она што го посакувате, релаксација, забава или мир.

Покрај магијата на живописните пејзажи, туристите имаат можност да уживаат и во богатата гастрономска понуда.

Хотели за сечиј џеб

Овој остров нуди многу дестинации за сместување на туристите, додека хотелите се движат од две до пет ѕвездички, во зависност од луксузот што го нудат.

Аја Напа е едно од омилените одморалишта и е особенопопуларно кај младите бидејќи нуди голем број забави на отворено и богат ноќен живот. Ноќевање со појадок во хотели со три ѕвезди може да најдете за 35 евра по лице, додека за хотел со четири ѕвезди на база на полупансион потребно е да одвоите 70 евра.

Места што вреди да се посетат

Освен големото задоволство, кое ќе ви го пружат некои од одморалиштата на Кипар, многу од нив кријат историски и културни занимливости. Покрај Аја Напа, како најпримамливата дестинација за нашите граѓани, тука е и одморалиштето Ламасол, кое претставува „економско и културно срце“ на Кипар, со богата историја и фестивали кои ги воодушевуваат посетителите.

Доколку истовремено сте љубители и на традиционалното и на модерното, Ларнака е приморски град кој ќе ве освои со своите историски знаменитости, но и модерното пристаниште.

Протарас е совршено место за оние кои одат на одмор со семејството бидејќи го красат кристално чисти води и тивки плажи, идеални за релаксација.

Кипарска кујна и деликатеси

За гурманите, кипарската кујна е посебно примамлива. Овде може да пробате бројни локални специјалитети бидејќи нивната кујна е слична на нашата. Предјадењата локалните туристи не ги пропуштаат, а баклавата и локумот како десерт се служат во сите тамошни ресторани. Бидејќи на овој прекрасен остров има и лозови насади, добрите и квалитетни вина се незаменливи, па можете да ги вкусите во некоја од неговите автентични таверни

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер