3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ЗабаваСопругата на најсекси мажот ги вади силиконите: Сакам конечно да спијам на стомакПоранешната манекенка Криси Тајген објави дека оди под нож. Кога обожавателите ја бомбардираа со прашања за тоа што се случува, таа призна дека ќе ги отстрани силиконите од градите."Го поминав тестот за коронавирус и наскоро ќе направам операција. Еден куп луѓе се разбирливо љубопитни (и душкаат), па ќе признаам овде: Ќе ги намалам градите", започна таа. "Беа одлични сите овие години, но доволно ми е од нив сега. Би сакал да облечам фустанот со обична големина и да лежам на стомак без да ми биде непријатно. Не е голема работа, не грижете се за мене! Сè е добро. Сепак ќе имам гради, само ќе бидат направени од маснотии. И тоа треба да бидат градите. Глупава, чудесна торба со маснотии “, напиша таа. Наоми Кембел и посака среќа, а сопругата на Стивен Кари призна дека ги извадила силиконите минатата година. „Ќе ти го промени животот, ќе ти се допадне. Јас моите ги извадив минатата година, ми беше мака од нив“, напиша таа. Криси, чиј сопруг Џон Леџенд беше прогласен за најсекси маж на светот минатата година, призна дека во раните дваесетти години вградила силикони за да ја зајакне нејзината самодоверба. View this post on Instagram Hi hi! So I posted myself getting a covid test on the twitter, as I’m getting surgery soon. A lot of people are understandably curious (and nosey!) so I’ll just say it here: I’m getting my boobs out! They’ve been great to me for many years but I’m just over it. I’d like to be able to zip a dress in my size, lay on my belly with pure comfort! No biggie! So don’t worry about me! All good. I’ll still have boobs, they’ll just be pure fat. Which is all a tit is in the first place. A dumb, miraculous bag of fat. ❤️ A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on May 26, 2020 at 3:55pm PDT „Го направив тоа да се чувствувам подобро додека позирав во бикини и долна облека за разни списанија или на писта“, рече таа. Таа додаде дека после две деца нејзиното тело се сменило, а со тоа и градите. „Денес би сакала да ги извадам силиконите и евентуално да ги кренам градите за да изгледаат поубаво“, признала таа во тоа време. Пандемијата на коронавирус ја забави малку во намера, но таа не се откажа од операцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28