Сообраќај без ограничувања по влажни коловози,на Ѓавато магла со видливост од 50-100 метри

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози. Во западните и југозападните делови на повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот. Заради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места. Појава на магла има на планинскиот премин Ѓавато со видливост од 50 до 100 метри.



Се уште е на сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, од 25.11.2013 година се изведуваат од Агино село кон Миладиновци. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

Почнувајќи од 26.11.2013 г. во периодот од 10 до 14 часот на патниот правец Раброво – Костурино (Р1401) ќе се изведуваат градежни работи за вградување на асфалтот по целата ширина на патот. На патните правци Кочани - брана Калиманци (А3) и Македонска Каменица - Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември.

На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На патниот правец Велес - Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.

Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш?

За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. 

Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.

-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.

Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.

Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.

- И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Панди нападнаа чуварка во зоолошка, посетителите врескаат во паника (ВИДЕО)

Чуварка на зоолошката градина во градот Чонгкинг била нападната пред бројните посетители, кои испаничени врескале додека ја гледале драматичната сцена.

Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото.

Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот.

Потоа се појавил друг стражар кој и помогнал на колешката да се засолни. Пред животното да го најде својот пат, тие побегнале од заградениот простор, пишува Daily Mail.

Кинеските корисници на социјалните мрежи го коментираа инцидентот, при што еден напиша:

„Се чини дека чуварката била неискусна. Требаше веднаш да побегне, но реши да се обиде да ги спречи“.

Друг додаде: „Нивната сила е неверојатна. За среќа, чуварката на зоолошката градина е добро“.

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет.

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет, но судењето на поранешниот американски претседател за обид да ги измени изборните резултати може да се одложи за по изборите, кои што според законот ќе бидат одржани во првиот вторник во ноември.

Како што јави Си-Ен-Ен, Врховниот суд, сепак, не е подготвен да му даде одврзани раце на специјалниот советник Џек Смит за да продолжи со обвинувањата против поранешниот претседател. Усното излагање на аргументите за имунитетот на Трамп од кривично гонење траеше помалку од три часа и заврши вчера, а ќе продолжи на 9 мај.

Наводно, неколку судии се подготвени да прифатат резултат што може да ја загрози можноста судењето на Трамп да се одржи пред изборите во ноември. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои тројца беа назначени за време на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Конзервативните членови агресивно го испрашуваа адвокатот што го застапуваше специјалниот советник, навидум прифаќајќи го централното прашање што го поттикна Трамп, а тоа е дека идните претседатели, без барем некаков облик на имунитет, на крајот ќе бидат предмет на политички мотивирано гонење.

Голем дел од сослушувањето се фокусираше на тоа дали треба да има разлика помеѓу официјалните дејствија на Трамп во согласност со неговите претседателски должности и неговото приватно однесување. Како ќе одлучи судот, ќе ја одреди правната судбина на Трамп и најверојатно ќе ги одреди правилата за криминално изложување на идните претседатели.

Според сите пресметки, Врховниот суд ќе избегне да донесе јасна одлука за прашањето за имунитетот. Последица на ова ќе биде тоа што ќе им остави способност на пониските судови да дејствуваат, што би можело да ги продолжи случаите на Трамп да траат со месеци. Почетокот на едно од тие судења поврзани со обидот за фалсификување на изборните резултати беше закажано за 4 март, но беше одложено.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за поништување на изборниот пораз, како и за преостанатите три кривични постапки против него - вклучувајќи го и судењето за фалсификување деловни документи во врска со тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6:3. Од 2000 година и одлуката на Врховниот суд дека победник на претседателските избори е републиканецот Џорџ Буш помладиот, а не демократот Ал Гор - се толкува дека највисоката судска инстанца во Америка немала толку важна улога што би можела имаат влијание врз претседателската трка.

притисни ентер