Јапонската агенција за истражување на вселената, или JAXA, објави монохроматски фотографии од кратерот на платформата X, порано Твитер.
Сликите се направени откако леталото успешно влезе во орбитата на Месечината на 25 декември.
SLIM беше лансиран на 6 септември, а најверојатно ќе се обиде да слета на 19 јануари, пишува Space.com.
Досега само 4 земји успеале да слетаат летало на Месечината, а тоа се Соединетите Американски Држави, Советскиот Сојуз, Кина и Индија.
Сепак, иако првите беа успешни во овие потфати, САД и Русија, како наследници на СССР, не успеаја да слетаат вселенски летала на површината на Месечината во 21 век. Засега таа чест ја имаат само Кина и Индија, кои го направија овој историски подвиг летово, само неколку дена по неуспехот на Русија.