Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10 - Канал 5

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10

 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец  од над 60 километри на час. 

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Како што најавува УХМР, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во првите денови од следната седмица наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер, локално над 60 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата

Екс-директорот на државна Лотарија Перпарим Бајрами утрово сам им се предаде на полицијата на граничниот Блаце, откако речиси две години беше недостапен за македонските органи на прогонот. 

По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата

Од таму, Бајрами, кој е првообвинет во случајот со проневери во државна лотарија, веднаш е спроведен во затворот во Шутка за издржување на претходно определената мерка притвор.

– Да, известен сум дека утрово на граничен премин е лишено од слобода лицето кое го споменавте и за истото ќе бидат спроведени соодветни процесни дејствија согласно одлука којашто е донесена од судот и мислам дека веќе е донесена одлука за спроведување во рамки на затворот Скопје. Добро е што гледаме дека полека, полека сите оние коиштио беа во изминатиот период недостапни на органите на прогон полека, полека се обезбедени. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Бајрами допрва ќе треба да се види со својот бранител, Еленко Миланов, по што ќе следи одлука дали одбраната ќе бара поблаги мерки – односно куќен наместо ефективен притвор. Миланов за Канал 5 вели дека одбраната веќе го подготува случајот и не верува дека Бајрами ќе признае вина..

– За поздравување е неговата определба да се јави и да ги расчисти сите околности во судска постапка. Решението му е доставено веројатно утрово со неговото приведување, рокот за жалба е три дена, така да, ќе видам да се договорам што и како со мојот властодавател па дури потоа ќе преземам било какви дејствија. Ќе подготвиме одбрана и ја подготвуваме таа одбрана, така што, не верувам дека во однос на овие дејствија кои му се ставаат на товар има место за одговорност, така да не верувам ниту дека ќе има признание на вина.- Еленко Миланов, адвокат на Перпарим Бајрами

За разлика од случајот на Артан Груби, овој пат Бајрами нема да биде спроведен на распит во Обвинителството, бидејќи судскиот процес е веќе започнат, а мерката притвор е активна.

-Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења. – Основно Јавно обвинителство

Следното рочиште за случајот Државна лотарија кое требаше да се одржи овој петок е презакажано за 18 септември, откако од Кривичен информираа дека на Бајрами ќе му биде даден рок за неговата одбрана да се запознае со обвинителниот предлог.

Освен тој и Груби, во случајот за проневера на 9,7 милиони евра во Државна Лотарија, обвинети се уште шестмина, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Покрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти.

Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград.

Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт.

Другите ги нарекуваа предавници.

Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа.

Ова е лицемерие без граница.

Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат.

Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат.

Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал.

Срамота.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

​Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти.

Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Ова се важни показатели за структурата на растот.

Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност.

За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност.

Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард.

И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните.

YouTube video

Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер