На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
1На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
МетеоСончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степениДенеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Временска прогноза за 16 јули 2026 г. / Извор: УХМР Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени. Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“ Германецот Томас Тухел очекува да остане селектор на Англија и покрај болниот пораз од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.По поразот, Тухел се соочи со лавина критики од навивачите поради крајно пасивната игра на неговиот тим откако го постигнаа голот. Податокот дека Аргентинците имале 88% посед на топката од моментот кога примиле гол па сѐ до крајот на феноменалниот натпревар, претставува уште еден – а можеби и највпечатлив – показател за срамниот дефанзивен пристап на Англичаните во поголемиот дел од второто полувреме. Англичаните не го остварија својот долгогодишен сон: останаа без толку посакуваниот пласман во финалето, во кое последен пат игра пред цели 60 години во далечната 1966 година. Но, Тухел не е загрижен за својата позиција – тој вели дека ја има поддршката од Федерацијата и дека ќе го испочитува договорот што истекува во 2028 година, кога Англија ќе биде еден од коорганизаторите на Европското првенство. „Продолжуваме со договорот до Европското првенство. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се гледа толку далеку во иднината. Многу големи фудбалски нации беа елиминирани пред полуфиналето, така што она што го постигнавме е навистина успех. Никој не сака да го слушне тоа во овој момент, па ни јас, бидејќи бараме максимум од самите себе. Тоа едноставно е природата на натпреварувачкиот дух“, изјави Тухел. За натпреварот против Аргентинците, тој изјави дека неговиот тим одиграл можеби најдобар натпревар на турнирот и дека не жали за одлуките што ги донел. „Не жалам за ништо. Тимот го даде својот максимум и бевме многу, многу блиску. Сметам дека го заслуживме водството од 1:0. Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, можеби и најдобриот, со оглед на околностите. Тимот беше фантастичен. Едноставно не успеавме соодветно да го завршиме натпреварот. Разочарани сме. Бевме многу блиску, но станавме премногу пасивни откако поведовме. Му дозволивме премногу шанси на противникот и не успеавме да ја вратиме контролата врз топката. Од тој момент дозволивме многу нафрлувања, шанси и удари кон нашиот гол. Бевме блиску, но не успеавме да го задржиме тоа ниво на игра по нашиот гол“, рече Тухел, а потоа ги објасни измените што ги направил: „Едноставно се обидувавме да им помогнеме на играчите. Примивме гол уште на самиот почеток. Одлучивме да преминеме на формација со петмина во одбраната бидејќи линиите на тимот беа премногу развлечени. Тие ги добиваа сите воздушни дуели и постојано упатуваа нафрлувања. Се разбира, одговорноста е кај тренерот. Ако работите не тргнат како што треба, лесно е да се каже дека тоа било грешка“, нагласи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски предложи нов премиер на УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го предложи шефот на државната енергетска компанија „Нафтогас“ за нов премиер, пренесува германската агенција ДПА. Парламентот ја доби номинацијата за Серхиј Корецки, соопшти претседателот на ова тело, Руслан Стефанчук, на социјалната мрежа Фејсбук. Стефанчук не соопшти кога Врховната рада ќе гласа за неговото потврдување, но се очекува гласањето да се одржи уште во четврток, пренесува ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реорганизира владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook