Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)
2Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)
МакедонијаСончево и топло со мала до умерена облачностВремето денска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСредба Шасивари-БочекШасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек.Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“. Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди. Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек. Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
БалканГолем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)Десетици Албанци се собраа денеска на улиците на Приштина за да го изразат своето незадоволство и револт по најновите случувања и пресудата на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) пред Специјалниот суд во Хаг.Како што може да се види на улиците, голема толпа луѓе се движи кон централниот градски плоштад, кој е планиран како главна точка и епицентар на денешниот собир, објави Индексолајн. Се очекува бројот на демонстранти да се зголемува како што одминува денот, а протестот е директна реакција на денешната одлука на судот во Хаг, која предизвика бурни реакции кај тамошната јавност. Да потсетиме дека денеска, пред специјализираните комори во Хаг беше изречена првостепената пресуда против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весељи. Тачи и Красниќи беа осудени на 25 години затвор, Весељи на 18, а Селими на 13 години затвор. Хашкиот судски совет утврди дека одговорноста на обвинетите е индивидуална и лична, но дека ниту еден од нив не можел сам да ја постигне заедничката криминална цел. Хашим Тачи денеска беше осуден во Хаг од страна на Специјализираните совети на Косово на 25 години затвор. Тој беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, тортура и незаконско затворање, извршени додека бил врховен командант на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за време на насилното одвојување на таа територија од Србија во 1990-тите. Судот денес објави дека Тачи е виновен за убиствата на 96 политички противници и лица за кои се верува дека соработувале со српските безбедносни сили, извршени од силите на Ослободителната војска на Косово за време на конфликтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНекои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа. Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен. Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“. Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот. Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook