Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

 Бобан Николовски денеска ја презел функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.

- Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели, порачал Николовски, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.

Видео: Легендарен фудбалер шета коза!?

Легендарниот фудбалер на Франција и Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона не е премногу зафатен со следење на Европското фудбалско првенство во Германија.

Контроверзниот екс фудбалер случајно е снимен во Манчестер додека шета коза (?!).

Него пред училиште го запре познат британски Јутјубер. Ги прашуваше минувачите колку е 8+6. „Единствениот број што го знам е седум“, одговори во свој стил Кантона, алудирајќи на бројот кој тој го носеше во текот на целата фудбалска кариера.

@pubitysport Eric Cantona just casually taking a walk around town with a goat? 🤣🐐 #ericcantona #cantona #manunited #Manchesterunited #Manutd #mufc #funny #footymemes #premierleague #epl #football #footballtiktok #soccer #soccertiktok #futebol #futbol #trending #foryou #4u #fy ♬ original sound - PubitySport

Мицкоски му посака на Филипче успешна работа, од СДСМ очекува да биде конструктивна опозиција

Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме да им правиме на другите тоа што не сакаме другите нам да ни го прават.

На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Како што рече, изборот е работа на СДСМ и членството и дека ќе ја почитуваат нивната одлука затоа што „не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на другите политички партии“.

-Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме да им правиме на другите тоа што не сакаме другите нам да ни го прават. И во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш кога станува збор за интересите на Македонија и на македонските граѓани, подавам рака. Така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нам не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии, рече Мицкоски одговарајќи на новнарски прашања по поставувањето камен-темелник за нова градинка во општината Бутел.

притисни ентер