Мбапе за играње со маска: Апсолутен кошмар

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се пожали дека му е непријатно играјќи во заштитна маска, која мора да ја носи поради скршеница на носот.

Фудбалерот го скрши носот на натпреварот од 1. коло од групната фаза на ЕП 2024 против Австрија (1:0).

-На почетокот ништо не разбрав. Дури кога го видов лицето на противничкиот голман сфатив дека нешто не е во ред. Мислев дека изгледа како да одам дома. Кога го видов моето лице во огледало, помислив дека турнирот е завршен за мене. Играњето со маска е апсолутен кошмар! Тешко е да се игра со неа, бидејќи ви го ограничува видот, а потта се акумулира пот, па морате да ја извадите за да исцеди. Се чувствувам како да носам 3D очила и да го гледам натпреварот. Гледам луѓе наоколу, но не се чувствувам како да сум на теренот. Секако, благодарам на маските, но ќе се ослободам од нив што е можно поскоро, изјави Мбапе за „RMC Sport“.

Репрезентацијата на Франција денес ќе игра против Белгија во осминафиналето на ЕП 2024 година. Натпреварот ќе започне во 18 часот на „Меркур Шпил-Арена“ во Диселдорф.

Четворица Палестинци загинаа во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс, на Западниот Брег

Најмалку четири лица загинаа вчера во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс, на Западниот Брег, соопшти синоќа палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија во своето соопштение објави дека „е извршен воздушен напад врз терористичка ќелија во Нур Шамс додека тие поставувале експлозивна направа“. /МИА

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

На сцената „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе концерт ќе одржи ансамблот „Танец“, со што свечено ќе биде отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри.

Два дена потоа, на 5 јули, на летната сцена на Заводот и музеј во Прилеп, „Танец“ ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар, по повод свеченото отворање на јубилејниот 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски - Долнени.

- Секако, и овогодинешната културно-сценската манифестација „Галичка свадба“ нема да да помине без Танец, каде ансамблот на 13 и 14 јули ексклузивно ќе ги изведе ората „Тешкото“, „Невестинско“ и „Манукот“, а на 2 август, како и досега, Танец и оваа полусезона ќе ја заврши со традиционалните концертни настапи во Крушево и Пелинце, по повод големиот македонски празник Илинден, најавуваат од „Танец“.

На 25 јули традиционално „Танец“ ќе има голем концерт спроти Меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ каде ќе настапи целиот ансамбл со богата кореографска и вокално-инструментална програма.

- Јубилејната концертна сезона на Танец продолжува веќе во септември, со балканската турнеја на проектот „Фолклорно-класична симбиоза„ (грандиозниот заеднички концерт на Танец со оркестарот и хорот на Националната опера и балет), после која ќе следува ноемврискиот гала концерт по повод централно одбележување на 75-годишнината на НУ Танец и секако, традиционалниот новогодишен концерт кон крајот на декември. Во меѓувреме Танец нема да ги запостави и настапите низ татковината и ќе одржи уште неколку концерти во Велес, Струмица и Свети Николе, соопштија од ансамблот. /МИА

Вознемирувачко видео: Во стампедо на верскиот фестивал во Индија загинаа 121 лице

Во стампедо на хинду верски настан во северна Индија загинаа 121 лице, а 28 се повредени, јавија индиски медиуми, а според полицискиот извештај, на настанот присуствувале неколку пати повеќе луѓе од дозволеното.

„Меѓу жртвите има 108 жени и седум деца“, изјави за новинарите Маној Кумар Синг, главен секретар на државата Утар Прадеш.

Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.

Полицијата дозволи да се соберат 80.000 луѓе, а околу 250.000 луѓе присуствуваа на настанот, според полициски извештај.

ВИДЕОТО ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:

притисни ентер