Димитровски во Луксембург на Советот за општи работи: Хибридна кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед
2Димитровски во Луксембург на Советот за општи работи: Хибридна кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед
3Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%
Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
3Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
МетеоСончево и многу топло со температура до 34 степени, попладне можни локални дождови и грмежиДенес времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можно е локално нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат типично летни и ќе достигнат високи вредности. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот и централниот дел од земјата, каде максималната температура ќе достигне до 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето постојат услови за локална појава на нестабилно време со краткотрајни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури низ земјата ќе се движат од околу 9 до 16 степени, додека дневните максимални вредности ќе бидат во интервал од 23 до 34 степени. Метеоролозите советуваат граѓаните да бидат внимателни во попладневните часови поради можните локални временски промени, особено на отворени простори и при планирани патувања.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАвстралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 годинаАвстралискиот завод за метеорологија денес објави дека временскиот феномен Ел Нињо се формирал во Тихиот Океан и би можел да се интензивира во втората половина на 2026 година и да стане најсилен во последните седум децении. Метеоролозите очекуваат феноменот да донесе обилни дождови и во Америка и топли и суви услови во Азија, каде што редовната сеидба е веќе нарушена, што предизвикува загриженост за снабдувањето со храна во најнаселениот регион во светот. Температурите на површината на морето во регионот ги надминаа границите на Ел Нињо, а сите атмосферски индикатори укажуваат на феноменот, објави Австралискиот завод за метеорологија. „Прогнозите укажуваат на силен или многу силен настан Ел Нињо врз основа на степенот на затоплување во централниот, тропски Тихи Океан. Околу половина од моделите укажуваат дека овој настан би можел да биде на некои од највисоките нивоа од 1950 година“, соопшти метеоролошката служба. Научниците велат дека климатските промени дополнително ќе ги влошат ефектите од овогодинешниот Ел Нињо. Ел Нињо, периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Пацифик, е поврзан со пониски зимски и есенски врнежи од дожд, особено на источниот брег на Австралија, и повисоки дневни температури, соопшти институтот. Временскиот феномен е особено штетен за Австралија бидејќи влијае на земјоделското производство во земјата, која е еден од најголемите извозници на пченица, шеќер и говедско месо во светот. Последниот Ел Нињо, кој ја погоди Австралија од 2023 до 2024 година, предизвика најсув тримесечен период досега. Еден од најсилните вакви настани, во 2015 и 2016 година, доведе до суша и намалено производство на жито и маслодајна репка.Тагови: Ел Нињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младитеOбразовниот систем денес е распарчен, бирократизиран и брутално партизиран.Лабораторија за политички експерименти на ВМРО, на штета на учениците и просветните работници. Се носат закони со сериозни штети врз образовниот систем и квалитетот на oбразованието со кои уште повеќе ќе се зголеми одливот на млади кадри од државата. Училиштето е сведено на фабрика за оценки, факултетот е често само чекална за Бирото за вработување или биро за иселување. Вистина е дека средното и високото образование станаа класна бариера, каде успеваат само тие со длабок џеб, додека талентот на учениците и студентите се губи во застарените методи. СДСМ во програмата „Твоја држава – твоја шанса" нуди конкретни решенија и нов пристап кон образованието. Нашата визија е интелигентна Македонија, каде државата инвестира во мозокот на нацијата како во свој највреден капитал. Праведно е да имаме задоволни наставници и професори, задоволни ученици и студенти. Предвидуваме систем кој не ги тера учениците и студентите само да учат за тест, туку да учат за да се стекнат со знаење, да се адаптираат во општеството и кариерно да напредуваат во својата земја. Ќе обезбедиме ваучер од 2.000 евра за секој матурант за обуки за програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места. Секој млад човек мора да има пристап до факултет, а тоа да не биде товар за семејниот буџет. Затоа во нашата платформа предвидуваме целосно бесплатни студии на државните универзитети. Во време на високо развиена технологија, секој ученик ќе има бесплатен персонален систем за учење, базиран на вештачка интелигенција. Праведно е образованиот систем и стекнувањето знаење да е достапно во секој период од животот. Во нашата платформа имаме концепт за трансформација на факултетите во хабови за доживотно учење. Секој граѓанин без разлика на возраста, може да се врати на факултет за бесплатни „микро-квалификации“ прилагодени на потребите на новата економија. Предвидуваме секој граѓанин да добие дигитален пасош на знаење -државата ќе депонира средства во форма на ваучери наменети исклучиво за доживотно учење и преквалификација во текот на целата кариера. Платата на наставникот да стане највисока во јавниот сектор, со најмалку 25% повисока од просечната нето плата во државата. Наставникот мора да стане најплатениот и најпочитуваниот професионалец, бидејќи тој е архитектот на нашиот заеднички успех. Паметна држава значи моќен народ. Знаењето нема веќе да биде привилегија, тоа е право. Твоја држава, Твоја шанса! Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаДимитровски во Луксембург на Советот за општи работи: Хибридна кампања од портали на македонски поврзани со источниот соседЗаменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург. Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија. На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност. Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество. Во своето обраќање, Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на Европскиот штит за демократија и Европскиот центар за демократска отпорност, оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани. Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите. Димитровски посочи дека Република Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност. Притоа, ги истакна сите мерки и напори што ги превзема Владата во овој сектор. "Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството", нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина. Тој ја потврди подготвеноста на нашата земја, активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување на странско мешање и хибридни закани, во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook