Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА Тетово - Канал 5

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА Тетово

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА.

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА Тетово

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА Тетово, која работи и делува во Тетово и е сопственик на веб страна со домен: https://www.tetovamuzeuvirtual.org/, a на социјалната мрежа facebook е активна со своја официјална страна https://www.facebook.com/tetovomuseum именувана како Muzeu Virtual i Tetovës / Виртуелен Музеј на Тетово.

Иницијативата ја поднесуваме врз основ на член 66 ст 1, а во врска со чл. 65.ст.1 од Законот за здруженија и фондации и бараме надлежниот јавен обвинител поради постоење на причини за забрана на работата на Здружението ХУТА да достави предлог за забрана на работењето на Здружението ХУТА до надлежниот Основен суд во Тетово.

Законот за здруженија и фондации јасно определил ЗАБРАНА ЗА РАБОТА на организација ако: поттикнува агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, презема активности кои се спротивни на Уставот и законот, има програма, цели, дејности кои предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција, омраза, или се форма на поддршка, односно одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот – рајх.

Здружението ХУТА во последната своја објава го оспорува значењето на државниот празник 11 Октовмри – Ден на востанието и го претставува во негативно светло, славејќи и величајќи ги окупаторите и нивните соработници, споделувајќи слика од озогласениот фашистички батаљон Љуботен како со карактеристичниот нацистички поздрав салутира на фашистот Гајур Дерала, а притоа го велича и злосторникот Џемо Хаса. Во многу нивни објави се врши историски ревизионизам, народно-ослободителната војна на македонскиот народ и народностите се негира, а за сметка на тоа се афирмира наследството на негативните личности како Џафер Сулејмани, Шаип Камбери, Гајур Дерала, Џемо Хаса, Роберто Паријани, и многу други фашисти.

Постапувајќи на овој начин подолг временски период исполнети се условите за отпочнување на законска постапка за забрана за работа на ваквата организација. Нејзиното понатамошно постоење и функцинирање штети на уставно-правниот поредок, ги повредува чувствата, правата и слободите на граѓаните и создава непоправлива штета врз меѓуетничките односи кои се особено значајни и мора да се негуваат како посебна вредност на нашето општество. Македонија и Тетово мора да се развиваат растеретени од поединци, групи и организации кои свесно и намерно внесуваат немир, спроведуваат агенди и нео-фашистички политики кои покрај тоа што го прекршуваат законот имаат за цел да го фрагментираат општеството и вештачки да создаваат високо ниво на конфронтираност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот.

За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер