Сојузот на борците најави протест пред утрешното доаѓање на бугарскиот премиер Петков - Канал 5

Сојузот на борците најави протест пред утрешното доаѓање на бугарскиот премиер Петков

Општинскиот Сојуз на Борци од НОБ - Битола се противи на доаѓањето премиерот на Бугарија, Кирил Петков по повод отворањето на културен центар „Иван Михајлов“.

Сојузот на борците најави протест пред утрешното доаѓање на бугарскиот премиер Петков

Од Сојузот на борците семетаат дека со тоа се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија милитаризмот и антимакедонските политики од Втората светска војна.

Ванчо Михајлов директно и индиректно ја помагал фашистичката, експанзионистичката и денационализаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија предводена од царот Борис III, тогашниот премиер Богдан Филов како сојузници и соработници на Адолф хитлер и Бенито Мусолини.

Борците протестираат и против молкот и индолентниот однос на македонските власти и политичките партии за формирањето на клуб што го носи името на „Ванчо Михајлов“, соопштуваат од Сојузот на борците- Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. 

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.

Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.

Силна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)

Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата.

Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“.

Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката.

„KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија.

Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година.

Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер