Софија Вергара е најплатената ТВ актерка - Канал 5

Софија Вергара е најплатената ТВ актерка

Колумбијката Софија Вергара повторно ја предводи листата на списанието „Форбс“ за највисокоплатена телевизиска актерка, откако за една година реализирала приходи од 42,5 милиони долари, соопштува сајтот на весникот.

Софија Вергара е најплатената ТВ актерка

Таа го подобрува минатогодишниот успех за еден милион долари. Платите на актерката се од учеството во серијата „Модерно семејство“ и од рекламни договори.

Второ место на годишната листа на списанието „Форбс“ го зазема ѕвездата на комичната серија „Биг Бенг теорија“, Кејли Куоко. За периодот јуни 2017-мај 2018 година актерката заработила 24,5 милиони долари, главно од учеството во серијата. Минатата година, ѕвездата добила 1,5 милиони долари. Тоа е поврзано со намалувањето на хонорарите нејзини оваа година за учество во серијата од 1 милион на 900 илјади долари за епизода.

На третата позиција е Елен Помпео од „Вовед во анатомија“ со годишен приход од 23,5 милиони долари. Општите приходи на телевизиските актерки од првата десетка на листата на „Форбс“ изнесуваат 168,5 милиони долари, што е за 12 милиони повеќе во споредба со минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Платформата 12.05 која бара оставка на раководството на СДСМ и формирање на широк опозициски фронт, денеска во Скопје ја одржува втората дебата, овој пат на тема „35 години независност“.. 

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Венко Филипче и актуелното раководство со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство, изјави Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, која денеска одржа нова средба насловена „Што по 35 години?“. И покрај одбивањето на Филипче да поднесе оставка од претседателската позиција на СДСМ , од платформата чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, не се откажуваат од нивните намери за конкретни чекори за смени на раководството во партијата и, како што велат, пораз на оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ. Планот за консолидација и структурни промени, за кои како што кажа Ивановски, многупати реагирале во партијата, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата.

„Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса макар на крајот да со своите постапки помогне да во овој момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Низ една нормална, демократска постапка, процедури, членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно. Во ваква состојба како што е сега, во овие изминати 2 и пол години како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика којашто во основа е бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Таа група е најдобра инвестиција на власта во државата.“, изјави Игор Ивановски.

На денешната втора дебата на Платформата учествуваа и Амар Мециновиќ од Левица и Мирослав Јовановиќ, лидерот на Српска странка во Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, јавниот живот и различни општествени чинители. Од Левица велат ќе дадат шанса на оваа иницијатива за опозициско окрупнување и промени, иако остануваат на своите идеолошки и партиски позиции.

„СДСМ триесет години се претставува како некаков антипод на ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека неказнивоста помеѓу овие две партии е единственото универзално правило кое ние го имаме во Македонија. Левица е парламентарна партија со јасни позиции кои ќе ги застапи на овие разговори и ние иамме одговорност да рзговараме со сите опозициски елементи во општетството за потенцијално мобилизирање на одговор против Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“, изјави Амар Мециновиќ.

Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата, кои ги нарече платеници на власта, но е подготвен за средба со нив. Според него намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и оцени дека станувало збор за пуч во СДСМ, а тој, како што кажа, имал легитимен мандат да ја води партијата. Од платформата во 12 и 05, пак, тврдат дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц, во обраќањето на Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“..

Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Бугарија, но и ЕУ ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво за разликите со Софија?

Македонскиот премиер имаше обраќање на генералната дебата на 81. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, од која порача дека процесот на евро-интеграција трае надвор од секој разумен временски рок.

Дали Бугарија, но и ЕУ ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво за разликите со Софија?

Дали соседна Бугарија но и Европската Унија ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво во надминувањето на разликите со Софија? Според поранешниот македонски амбасадор во САД – Васко Наумовски, стабилните влади во двете соседни држави го имаат легитимитетот за ваква можност а европското посредништво ќе ги избалансира нееднаквите позиции на двете држави од кои едната е полноправна членка на Унијата а другата е се уште со кандидатски статус.

„Би било доста интересно да видиме како ЕУ ќе се одлучи да влезе во една таква улога на посредништво и дали и двете страни ќе го прифатат тоа посредништво во една добра волја. Затоа што доколку не постои волја кај барем една од страните, ние да имаме и десет посредници нема да успееме да го затвориме овој спор.“

Волјата кај Бугарија и брзиот одговор од ЕУ се клучни во овој македонски предлог кој заслужува внимание – оценува поранешниот македонски амбасадор во Германија – Ѓорѓи Филипов.

„Може многу да придонесе доколку навистина се има желба. А јас навистина не гледам зошто не. // Добро е што е направен тој потег, да го почекаме одговорот но да бидеме подготвени дека во дипломатијата, поготово доколку не се знае вистинската пречка, сите мислат дека има нешто позадинско што го спречува патот кон ЕУ. Која е пак сега таа пречка?„

Бараме од нашите граѓани да веруваат во добрососедски односи, компромиси и во меѓусебно почитување, но тоа често се покажува како еднонасочна улица на неопределено време - рече премиерот Христијан Мицкоски пред светските лидери од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Не можеме да им кажеме на луѓето да им веруваат на правилата кога тие можат да видат дека правилата не важат подеднакво. Не можеме да ги убедиме дека компромисот е доблест ако секој компромис произведува ново барање. И не можеме да очекуваме доверба во меѓународните институции, ако граѓаните почнат да веруваат дека нивната судбина е почесто создадена од политичката тежина на нивната држава отколку од силата на договорениот принцип.“

Додека Бугарија не одговори конкретно на македонската иницијатива, одговорот од ЕУ се очекува за време на посетата на шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен во Скопје овој петок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер