Софија го протера од Бугарија рускиот свештеник Васијан Змеев - Канал 5

Софија го протера од Бугарија рускиот свештеник Васијан Змеев

Имал ли протераниот и од Македонија и од Бугарија руски свештеник Васијан Змеев значајна улога во влошувањето на односите меѓу Скопје и Софија во изминатите години? 

Софија го протера од Бугарија рускиот свештеник Васијан Змеев

Официјално, ниту бугарските, ниту македонските власти не ги откриваат конкретните активности на првиот човек на руската патријаршија во Бугарија, но за дел од тамошната експертска јавност нема сомнежи дека мисијата на Змеев и уште на две протерани црковни лица од Софија била во конинуитет да ги држат влошени односите меѓу двете земји.

-Сметам дека и овие црковни лица ги надминале своите надлежности, а гледаме дека биле активни и во Македонија, а чија основна цел на руското разузнавање е Бугарија и Македонија да имаат лоши односи, а Македонија да не тргне по европскиот пат. , вели во разговор за БТВ, Милен Керемедчиев, поранешен заменик министер за надворешни работи

Змеев, кој пред 10 дена беше прогласен за персона нон – грата од Македонија, а протеран вчера и од Софија како закана за националната безбедност пет години бил на релација Скопје – Софија и имал зачестени средби и со претставници на МПЦ – ОА. Случајот Змеев се совпадна и со неодамнешните наводи на претседателот Пендаровски дека луѓе од Синодот на МПЦ соработувале со руските служби. За поранешниот претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците, Цане Мојаноски руското црковно влијание од поодамна било присутно во МПЦ, кое очигледно се интензивира по расколот меѓу Руската црква и Вселенската патријаршија.

-Ако прашањето го набљудувате историски, тие и во периодот кога МПЦ беше шизматска, односно не беше во православниот свет, тие имаа определни релации и влијанија. Очигледно расцепите меѓу Цариград и Москва се прекршуваат или добиваат одредени поддржувачи во структурите на МПЦ - ОА. МПЦ е мала црква и може да биде мета на злоупотреба на овие два центри. , вели за Канал 5, проф.д-р Цане Мојаноски, поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници

Освен статусот непожелна личност за рускиот свештеник, Македонија минатата недела протера и тројца руски дипломати поради активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи, потег кој Москва го оцени како непријателски чин кој нема да остане без одговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра.

Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот.

Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите.

Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари.

Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните.

Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор?

Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции;

ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач.

На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

​Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. 

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти.

Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и обвинителот Ислам Абази, човек близок на ДУИ и СДС.

Абази и овој пат, иако во заминување покажа дека се уште работи за газдите, СДС и ДУИ.

И кратко да потсетиме што направи овој пат обвинителот. Застана зад Филипче кој дозволил изградба на модуларните надвор од сите правила на законот за градење, мислел само на задоволување на личните и партиските интереси, не ги слушал стручњаците од Министерството за здравство.

Ваквите одлуки на обвинителот во заминување Абази, и носат штета на Македонија во она што значи владење на право, пат кон ЕУ. Оттука СДС и Филипче не треба да се фалат со вакви постапки кои практично и штетат на Македонија. Воедно клучно е да се има во вид дека во случај на евентуално нови докази може да има повторно постапка за истото дело.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави за „Џерусалем пост“ дека неговата прва официјална посета на Израел има за цел да ги подигне веќе „одличните“ односи на следно ниво.

Џерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работи

Македонија го направи зајакнувањето на односите со Израел приоритет на својата надворешна политика и се стреми да ја прошири соработката во областите од одбраната и инвестициите до туризмот и управувањето со водите, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за „Џерусалем пост“ за време на неговата прва официјална посета на Израел.

Муцунски даде интервју за „Пост“ во Ерусалим во понеделник по разговорите со министерот за надворешни работи Гидеон Саар, за време на кратката посета фокусирана главно на проширување на билатералните врски.

„Имавме многу силни односи со Израел, но и со Гидеон, во последните неколку години“, рече Муцунски.

„Мислам дека оваа посета е можност да се помести билатералниот однос на следното ниво, да се поместиме од местото каде што сме сега, што се одлични билатерални односи, кон тоа тој однос да се развие во различни области од меѓусебно значење.“

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, при неговата прва посета на Израел изјави дека Македонија сака подлабоки врски во одбраната, туризмот и инвестициите.

Од „Џерусалим пост“ во фејсбук објава потенцираа дека по пожарот во кој загинаа 63 лица во Кочани, Израел испрати лекари кои работеа заедно со македонските тимови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер