Во делегацијата се Талат Џафери, претседател на Собранието, Диме Велковски, Агим Шаќири, Димитар Стевананџија и Јулиана Николова, како членови и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.
Се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.700 претставници од над 140 земји членки на Унијата, како и повеќе од 70 претседатели на парламенти.
Главна тема за дискусија на 141. Собрание на ИПУ е „Зајакнување на меѓународното право: парламентарни улоги и механизми и придонесот за регионална соработка".
Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: парламентарни стратегии за зајакнување на мирот и безбедноста во пресрет на предизвиците и конфликтите што произлегуваат од климатските катастрофи и нивните последици; актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на целите за одржлив развој, одговорна потрошувачка и производство, постигнување на универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламетите за гарантирање на правото на здравје,криминализација на перењето на пари; унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на моќта на младите и сл.
Во рамки на 141. Собрание ќе биде одбележана 130. годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија и 70. годишнината од Женевските конвенции.
Како што е најавено од собраниската прес-служба, седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки", „Форумот на млади парламентарци" и „Здружението на генерални секретари на парламенти", а предвидени се и бројни билатерални средби на членовите на Делегацијата на Собранието на Македонија./МИА