Собранието разгледа повеќе предлог-закони и барања за давање автентично толкување

Пратениците денеска со 63 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, во рамки на 50. седница, го донесоа Предлог на закон за парнична постапка, во прво читање.

Во рамки на 71. седница пратениците ги усвоија и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија - прво читање и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.

Пратениците од 79. седница ги изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Република Северна Македонија, претставена од Министерството за локална самоуправа, како партнер и Република Косово, претставена од Министерството за администрација на локална самоуправа, како партнер-лидер за управување со грант Договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Македонија–Косово 2014/2020 и Предлог на законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Во рамки, пак, на 86. седница пратениците го усвоија Предлогот на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање, а во рамки на 100. седница беше донесен и Предлогот на закон за нуспроизводи од животинско потекло, во прво читање

Додека, пак, во рамки на 103. седница пратениците ги изгласаа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва, во прво читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 116 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија" број 161/19 и 229/20), поднесено од пратеникот Даниела Колева, Барањето за давање на автентично толкување на член 191 а во врска со член 7 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија" број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13, 164/13, 29/14, 98/15 и 192/15), поднесено од пратеникот Јован Митрески, Барањето за давање на автентично толкување на член 18 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" број 287/21 и 164/22), поднесено од пратеникот Фаница Николоска.

Гостин влегол во хотелска соба во Холандија и се шокирал- на подот лежело чудно животно (ФОТО)

Необична приказна е снимена во холандски приморски хотел, откако вознемирен гостин се симнал на рецепција и пријавил „натрапник“ во неговата соба.

Збунетите работници решиле да проверат што се случува и биле шокирани од сцената, пренесува UPI.com.

Приказната се појави на социјалните мрежи, каде што е наведено дека персоналот на хотелот, на почетокот, не можела да поверуваат што се случува.

Кога стигнале во собата, нашле преслатка сива фока како дреме на подот! Тие веднаш повикале експерти за диви животни да ја вратат во природното живеалиште.

Сведоците на надреалниот настан велат дека фоката била „вознемирена бидејќи ја разбудиле“, но дека безбедно била ставена во кошница и пренесена на морскиот брег.

„По истрагата, најдовме трага на плажата и сфативме како таа стигнала до собата. Нашиот тим е доволно вешт да ја премести фоката на безбедно, потивко место. Гостите на хотелот доживеаја авантура која никогаш нема да ја заборават“, се вели.

Гневни жители на Лос Анџелес фатија пироман на дело, полицијата го спаси (ВИДЕО)

Гневните жители на Лос Анџелес, кои неодамна го преживеаја ужасот од катастрофалните пожари што го зафатија градот, фатија уште еден пироман кој, како што тврдат, подметнал пожар во близина на нивните домови.

На интернет се појавија снимки на кои се гледаат гневни граѓани како со автомобили го бркаат напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како Алехандро Мартинез (41), објави Дејли Меил.

Снимен е и маж како го следи Алехандро пешки и го турка на земја.

„Погрешно маало, пријателе“, му вели човекот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мартинез, кој лежел на земја, им се предал на властите и бил однесен во најблиската станица.

„Навистина ништо не украдов“, се слуша како вели Алехандро на шпански.

Сепак, украдените предмети не се нешто што ги исплашило граѓаните. Тие им кажале на полицајците дека го виделе Алехандро како се крие во грмушките, а потоа го следеле кога се обидел да избега.

Во меѓувреме пожарот што го предизвика Алехандро се проширил на десет метри квадратни, но пожарникарите брзо го локализирале.

„Да беше ветрот посилен, можеше да биде многу полошо. Со оглед на тоа што се случува во последниот месец, луѓето се многу повнимателни и поподготвени кога се во прашање пожарите“, вели младиот човек кој го снимил инцидентот.

Тој исто така рече дека луѓето биле многу лути.

Да потсетиме дека во катастрофалните пожари што избувнаа минатиот месец изгореа повеќе од 57.000 хектари, загинаа најмалку 29 лица, а беа уништени повеќе од 16.000 домови и згради.

Сè уште е во тек истрагата за тоа како настанале овие пожари, а според некои информации, можеби се виновни подметнувачите на пожари.

Астронаут на НАСА ги зачуди сите со видеото од вселената (ВИДЕО)

Американскиот астронаут Доналд Дон Петит, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на јавноста ѝ е добро познат по своите спектакуларни фотографии од вселената.

Додека на својот Инстаграм профил често ги споделува најневеројатните фотографии од Земјата или вселената, краткото видео кое неодамна го објави на својата страница на Инстаграм шокира многумина.

Не, како што може да се помисли, поради некоја случајно снимена тајна како вонземјани или некои мрачни експерименти, туку краток приказ на секојдневниот живот на орбитална станица за која малку луѓе размислуваат.

Дон Петит снимил кесичка со ф'стаци магнетно прикачени на маса со ножици, мед, сосови и многу други ситници, потоа нежно ја удирал кесичката и два ф'стаци излетале од кесата, како во забавена снимка, а тој брзо ги фатил и ги изел.

- Орбитален држач за ф'стаци – напиша Дон Петит со видеото од неколку секунди.

Сепак, она што е шокантно на снимката не е она што се гледа, туку она што се слуша – речиси неподносливата бучава на машините на Меѓународната вселенска станица.

Бидејќи работата на машините, различните пумпи и вентилатори на ISS е неопходна за одржување на животот – контролирање на топлина, влажност, кислород, јаглерод диоксид… – бучавата во позадината е доста гласна. И постојано се слуша. Некои други машини, кои се користат за експерименти, може да бидат уште побучни. Според некои проценки, астронаутите треба со месеци да живеат со просечно ниво на бучава од 72 децибели.

- Високото ниво на бучава може да биде проблем за астронаутите. Тоа може да влијае на нивното ментално и физичко здравје. Тоа може да предизвика стрес, да го зголеми отчукувањата на срцето, па дури и да го зголеми крвниот притисок, пишува порталот Let's Talk Science.

Дон Петит е роден на 20 април 1955 година и моментално има 69 години. Тој има докторат по хемиски инженеринг, а неговиот изум на чашата со нулта гравитација беше првиот патент зачнат во вселената. Тој стана астронаут на НАСА во 1996 година и моментално е на својата четврта мисија во вселената, што воедно е негов трет престој на ISS.

Во вселената моментално има 10 луѓе. Заедно со Дон Петит, ISS ги вклучува и неговите сонародници Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои пристигнаа во јуни 2024 година на 8 дена, а потоа беа блокирани поради дефект на Боинг Старлајнер, како и Ник Хејг. Со нив се и руските космонаути Алексеј Овичин, Иван Вагнер и Александар Горбунов.

Кинеската вселенска станица Тиангонг (Небеска палата) моментално е дом на таиконаутите Каи Шуже, Сонг Лингдонг и таиконаутот Ванг Хаозе.

притисни ентер