Собранието расправа за недоверба на владата на Петков, серија протести ја тресат Софија - Канал 5

Собранието расправа за недоверба на владата на Петков, серија протести ја тресат Софија

Од совеста на шест луѓе зависи опстанокот на Владата во Бугарија – вака од партијата на бугарскиот премиер Петков ја оценија состојбата пред почетокот на седницата за доверба на Владата. 

Собранието расправа за недоверба на владата на Петков, серија протести ја тресат Софија

Од совеста на шест луѓе зависи опстанокот на Владата во Бугарија – вака од партијата на бугарскиот премиер Петков ја оценија состојбата пред почетокот на седницата за доверба на Владата. Ако се суди според распоредот на силите, во парламентот, владејачката коалиција има 115 пратеници, а опозицијата 125, сепак дел од бугарските медиуми велат дека тоа може и да се промени во текот на гласањето. Самиот Петков пред почетокот на седницата порача дека очекува неговата Влада да ја добие довербата, а во говорот пред пратениците, воопшто не ја спомена темата за Македонија, туку ги повика да гласаат согласно совеста и заклетвата која ја дале пред граѓаните.

-Од вас зависат седум милиони Бугари во моментот. Ве повикувам да се сетите одново на вашата заклетва како народни избраници. Во неа го нема ниту господинот Трифонов, ниту господин Борисов, ниту Ахмед Доган, ниту госпоѓа Митрофанова. Оваа заклетва нека ве води кон вашата одлука во текот на утрешниот ден. Ви благодарам, изјави Кирил Петков – Премиер на Бугарија.

И додека трае расправата во бугарското собрание, за утре во 15 часот е закажана седницата на комисијата за надворешна политика каде на дневен ред е францускиот предлог и билатералниот протокол. Токму за него од партијата на Петков ја прозваа и министерката Генчовска да го отстрани печатот за Доверливо на документите за Македонија за јавноста да биде запознаена со сите детали од преговорите. Од бугарското МНР пак експресно одговорија дека документите се јавно достапни. Од партијата на Генчовска пак и јавно прашаа зошто има француски, а не бугарски предлог и дали ЕУ ја носи Бугарија во заблуда.

-Зошто е француски предлогот? Зошто не е Белгиски или Италијански? Каде е Бугарскиот предлог почитувани колеги пратеници или поважно во случајот е Макрон да победи? Стотиците илјади жртви кои сме ги дале за Македонија дали заслужуваат еден француски предлог? Почитувани колеги, луѓето рекле дека за да има предавство, прво мора да е дадена доверба, такво нешто беше дадено и повеќе шест месеци не се оправдува, порача Станислав Балабанов – Има таков народ.

Гласањето за доверба на Владата на Петков ќе се одржи во текот на утрешниот ден, а додека трае расправата во бугарското Собрание, во Софија најавени се десетина протести за и против Владата. Дел од нив протестираа и рано утринава, членови на бугарското ВМРО го блокираа домот на Петков, барајќи од него да одговори што договорил за Македонија и кога планира да поднесе оставка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси.

Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година.

„Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето.

Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование.

За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

 Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот.

Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош.

– Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа.

„Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде:

„По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“

Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник.

– Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер