Собранието ќе ја одржи новата 43. седница - Канал 5

Собранието ќе ја одржи новата 43. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 43. седница, на чиј дневен ред има вкупно 28 точки.

Собранието ќе ја одржи новата 43. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 43. седница, на чиј дневен ред има вкупно 28 точки меѓу кои и Предлог на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог за именувањето членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Македонија.

Пратениците ќе расправат и по Предлогот за разрешувањето и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог за именување член на Регулаторна комисија за домување, Предлог на одлуката за разрешување на членовите на Агенцијата за пошти, Предлог на одлуката за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во второ читање, Предлог на програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година и Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка.

Во рамки на оваа седница пред пратениците во прво читање се Предлог на законот за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, Предлог на законот за изменување на Законот за социјална сигурност за старите лица, Предлог на законот за изменување на Законот за инвалидски организации, Предлог на законот за изменување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, Предлог на законот за изменување на Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, Предлог на законот за изменување на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, Предлог на законот за изменување на Законот за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и Предлог на законот за изменување на Законот за практикантство Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап.

Предлог на закон за изменување на Законот за мирно решавање на работните спорови.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог на законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за процена и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, сите во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Добро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култура

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Прес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер