Собранието ја заврши расправата за измените на Законот за извршување санкции

Републичкото Собрание вечерва, во рамки на продлжението на 77. седница, ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување санкции, по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, ја прекина седницата, откако не беше обезбеден кворум за гласање.

Со предложениот закон попрецизно се разработува статусот на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија. Вработените кои работат на обезбедување во тие установи се стекнуваат со статус на затворска полиција. Се регулира начинот и постапката на вработување, како и престанокот на вработувањето на затворската полиција. Се дава можност за воведување јавно-приватно партнерство во делот на извршување на санкциите и се врши усогласување со одредбите од Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Во тек на расправата од опозициската СДСМ упатија забелешки за законот, кој, според нив, не е во согласност со препораките на Извештајот на Европската комисија за подобрување на условите во казнено поправните установи. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценија дека со законот ќе се подобри функционирањето на системот.

Емилијан Станковиќ од СДСМ побара појаснување за какво јавно-приватно партнерство станува збор и дали тоа значи отворање врата казнено поправните установи да бидат предмет на концесија. Сопартијката на Станковиќ, Весна Бендевска, пак, во воведувањето јавно приватно партнерство препознава партизација, а ги оспори и надлежностите што ги добива затворската полиција.

Реплицирајќи заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски информира дека од страна на експерти е изработена студија за подобрување на состојбата во казнено-поправните установи каде се ставени насоки и во однос на воведувањето јавно приватно партнерство.
Според Бришкоска, надлежностите на затворските полицајци се однесуваат сано на работи поврзани со обезбедувањето на установата и нејзините објекти. /Извор: МИА/

Реал се откажа од трансферот на Дејвис

Лидерот во шпанското првенство Реал Мадрид ги прекина преговорите за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија денеска шпанските медиуми.

Според „Релево“, Реал ги променил приоритетите во плановите за засилување на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона.

Реал постигна вербален договор со левиот бек Дејвис, но приоритетна трансфер цел на Кралскиот клуб во дефанзивата сега е централниот бек на францускиот Лил, Лени Јоро.

Според медиуми, Дејвис би можел да му се приклучи на Реал, но по крајот на следната сезона, кога му истекува договорот со Баерн.

Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг крап

Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг подмладок на крап.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. - изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија.

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга, која е под истрага за корупција.

Илјадници шпански новинари јавно изразија поддршка на премиерот на земјата Педро Санчез, кој објави дека ги суспендира своите јавни активности поради истрагата против неговата сопруга Бегоња Гомез за трговија со влијание и корупција.

Санчез, кој в понеделник треба да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе остане на функцијата, ги обвини истражителите за неосновани напади под влијание на десничарските и екстремно десничарските политички противници.

Како поддршка на Санчез, неколку илјади новинари потпишаа онлајн-манифест во кој се вели дека „нападот на медиумите и екстремно десничарските функционери во судството против сопругата на премиерот е нов обид да се поткопа со незаконски средства народната волја изразена на изборите“.

„Долупотпишаните новинари го повикуваат граѓанското општество да се приклучи на овој манифест и да се мобилизира на социјалните мрежи и на улиците против ова антидемократско безобразие“, се вели во манифестот.

притисни ентер