Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЗабаваСо жешка фотографија на Инстаграм го прослави 7- милионитиот следбеник (ФОТО)Моделот на Инстаграм, Матилде Тантот,го прослави седум милионитиот следбеник и ги почести своите фанови со жешка фотографија во танга.„Се надевам дека имате добра недела“, напиша француско-иранската убавица покрај фотографиите, додавајќи бројка од седум милиони, што се однесува на бројот на следбеници. View this post on Instagram Hope your week end was good. @fashionnova fashionnovapartner 🤍 7M🤍 A post shared by Mathilde (@mathildtantot) on Jun 14, 2020 at 10:53am PDT „Прекрасна си“, „божествена“, „Подобро сум сега, благодарам“, коментираа нејзините фанови. View this post on Instagram Sunday 🤍 A post shared by Mathilde (@mathildtantot) on May 31, 2020 at 10:14am PDT Таа претходно посвети пост на движењето „Black Lives Matter“, а на крајот на мај ги изненади своите обожаватели со фотографија на која го покажа голиот задник, за што доби повеќе од 1,2 милиони лајкови. View this post on Instagram I've always dreamed of this shower {swipe} A post shared by Mathilde (@mathildtantot) on May 23, 2020 at 10:03am PDT View this post on Instagram Quarantine is almost over, but I have adopted the countryside. { @fashionnova fashionnovapartner} A post shared by Mathilde (@mathildtantot) on May 8, 2020 at 10:18am PDT View this post on Instagram Cheers A post shared by Mathilde (@mathildtantot) on Apr 9, 2020 at 12:53pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаД-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултетПетти ден само со вода и електролити и без како што самиот посочува, ниту „залак“, доктор Дарко Василевски го продолжува штрајкот со глад на во паркот пред деканатот на Медицинскиот факултет. Вели исцрпен е, но се чувствува добро, и физички и психички. Досега од итна медицинска помош потреба немал, а првите, евентуални потешкотии и можна опасност по здравјето очекува по седмиот ден. Најтешки моменти, кога е сам во шаторот, му се недостасувањето на семејството, особено на 14 годишниот внук, и студот кој го облева во зори. -Мислам дека некаде после седмиот ден би можел да почувствувам изнемоштеност, слабост, срце биење, малаксалост, сепак и покрај тоа што внесувам течности, електролити, сепак организмот си бара и храна. Колку може да биде опасност за вас? Може. Кој е најзагрижен? Мислам дека внук ми, нему му е од една страна интересно, чичо спие во шатор, а од друга страна го чувстувам по гласот дека мисли дека нешто лошо ќе ми се случи. 13 – 14 години има. Он ми недостасува најмногу. Синоќа беше не сакам да доаѓа премногу често, малечок и би влијаело тоа на него. А, на вас? Мислам дека уште повеќе,- - д-р Дарко Василевски. Добар дел од неговите пријатели во клиничкиот центар го посетуваат и му даваат совети како да го одржи организмот во кондиција, но најгласен, вели, е советот да си оди дома и да си го чува здравјето. Но, дециден е, ништо нема да го одврати од замисленото и покрај, според него, молкот од институциите. Оптимист е и очекува совеста, како што вели, на крајот да проработи кај надлежните... -Се надевам дека на крајот ќе проработи разумот, дека ќе престане игнорантскиот однос и дека имаат шанса некои да станат херои од целата оваа ситуација. Од нив зависи дали ќе станат херои или ќе останат запаметени по некои други работи. Се надевам, јас сум оптимист и секогаш ги барам позитивните и добри страни во секој еден човек, така да се надевам дека и овде ќе проработи нечија свест и совет,- - Д-р Дарко Василевски. Василевски очекува да му се објасни зошто не е избран на конкурсот за вработување на медицинскиот факултет, и да се објавават критериумите и ранг-листите според кои биле избрани двајцата кандидати пред него. Воедно очекува да се преиспита дали бил дискриминират поради возраста, оти има 45 години, наместо да се земат предвид стручноста, искуството и знаењето. Од Медицинскиот факултет пак кажаа дека постапката била објективна и транспарентна, без Василевски да биде поставен во подредена положба, туку едноставно дека избраните кандидати биле подобро рангирани според формалното образование и интервјуто. Според податоците од деканатот, Василевски бил со просек од 8,20, а кандидатите кои биле вработени, со 9,29, односно 9,21. МОН во меѓувреме го повика да поднесе претставка за да се провери законитоста на постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08