Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
1Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
2ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
3Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
КултураСо три премиери на „Вечна куќа“ почнува сезоната во новиот објект на МНТСо три премиери на претставата „Вечна куќа“ на авторот Јордан Плевнеш и режисерот Дејан Пројковски, на 7, 8 и 9 декември почнува сезоната во новиот објект на Македонскиот народен театар. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Благоја Мицевски, а музиката е на Горан Трајковски.Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ, изјави дека неколку месеци наназад доаѓале честопати во објектот за да ја гледаат сцената, можностите и она што го нуди текстот и авторот. - Од 7 декември ќе видиме едно ново лице на македонскиот театар и на МНТ и на она што овој талентиран народ може да го покаже со техничките можности, но сега ни се отвора да ги реализираме сите оние желби и соништа кои не сме можеле да ги направиме, истакна Лилиќ. Во појаснувањето за тоа зошто ќе има три премиери, рече дека имаат можност да направат и 20 премиери, толкав е интересот за да дојдат сите на премиерната изведба на „Вечната куќа“. Лилиќ посочи дека по примерот на големите европски и светски театри одлучиле да направат три премиери една по друга и дури симболично се врзуваат за големиот верски празник „Св.Климент Охридски Чудотворец“ на 8 декември. - Во претставата учествуваат 70 или 80 актери, голем број студенти на Факултетот за драмски уметности и на Факултетот ЕСРА, што значи еден сплет на генерации, актери кои се во пензија, кои се во своите најдобри години, млади актери и актери кои треба да стапнат на овие наши театарски македонски сцени, истакна Лилиќ. Додаде дека голем уметнички потенцијал влегува во создавањето на овој продукт на оваа претстава. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека се потрудиле максимално да вложат голем труд, енергија и посветеност новиот објект на МНТ да се реализира, да бидеставен во функција на целата уметничка фела која ќе го користи со цел презентација на уметничките и културните вредности кои ги поседува државата. Таа посочи дека е горда на сето тоа и оти посебно ја радува што денеска е соопштена и првата премиера во новиот објект на МНТ. - Навистина ми е драго што редовно доаѓам на пробите каде што можам да ја видам таа силна уметничка енергија која ја поседуваат актерите. Посебно ме радува што успеавме таа најсовремена аудио и визуелна опрема да биде од врвот во технологијата, нешто што многу ретко го поседуваат театрите што ќе биде за нивно успешно функционирање, создавање претстави, коопродукции со други држави, покани на други театри да доаѓаат тука и сите заеднички да создаваат дела кои ќе ја отсликуваат нашата уметност, нашата моќ во уметноста и моќта во културата која ја поседуваме, истакна Канческа Милевска. Изрази очекување дека во идниот период театарот максимално да биде искористен од сите актери без оглед каде тие работат. - Месец декември ќе биде посветен уште на девет претстави. Од јануари си почнуваат со репертоарот. Се потрудивме како Министерство за култура да направиме еден објект според проектантските решенија, според сите оние капацитети кои беа дадени во проектната програма и да создадеме едно дело кое навистина ќе ја отсликува нашата богата културна слоевитост, уметничка вредност и објектот да биде во интензивна функција и придонес за нашата уметничка фела, додаде министерката Канческа Милевска. Авторот Плевнеш рече дека се е врзано за една куќа покрај Вардар. - Тоа беше чеховски сон да напишам пиеса за три женски лика Искра, Дарија и Драгана. Тој чеховски сон го најдов во тој цртеж во една архива во Лисабон каде беше нацртана куќа на брегот на Вардар изградена 1492. Во таа пиеса куќата е главниот простор и се случи таа приказна во мојот живот за таа девојка која заминала од куќата покрај реката Вардар што ги носела 100 клуча. Тука се отвори тој чеховски клуч на сопственоста. Значи сега Македонија нема да биде само центар на универзалната идеја, туку ќе биде простор каде што може да се сондира секоја куќа во светот...,истакна Плевнеш. Режисерот Пројковски посочи дека претставата „Вечна куќа“ има нешто во себе многу интересно кое се поврзува со отворањето на театарот. - „Вечната куќа“ зборува за луѓето сега и тука, но зборува и за сите луѓе кои претходно живееле во еден одреден простор. Така некако и нашата претстава ги собира во себе сите актери кои играле и во античките театри и во театрите низ годините до денес и ги собира сите историски духови раскажувајќи ја приказната дека Вечната куќа е една и единствена. Претставата наликува на едно патување на човекот во сопственото срце, рече Пројковски. Додаде дека главниот лик во претставата Стела Бенвениста доаѓа од Ерусалим во Скопје и со тие 100 клучеви отворајќи ги собите, го отвора своето срце и тука почнува да патува и да ги бара одговорите на сите прашања, да ја отвори темата за Бог, за семејството, за човечкиот живот. /МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водатаДесетици китови се пронајдени на плажа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да вратат неколку преживеани во водата, соопшти Министерството за заштита на природата.Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров. Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови. Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи. Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаКендрик Нан испиша историја против Реал МадридКошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер. Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби. Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година. Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25. Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени. На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ. „Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“Тагови: Евролигата Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возилаУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook