Со средства од УНЕСКО ќе се истражува водната флора и фауна на изворите „Свети Наум“ - Канал 5

Со средства од УНЕСКО ќе се истражува водната флора и фауна на изворите „Свети Наум“

Проектот „Извори Свети Наум – инвентаризација на биолошки карактеристики и екосистемски услуги (SN_BESI)“ ќе добие финансиска поддршка од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Abrdn добротворната фондација.

Со средства од УНЕСКО ќе се истражува водната флора и фауна на изворите „Свети Наум“

Тој е еден од петте проекти, што ќе биде финансиран од УНЕСКО, со апликација на јавната установа Национален парк „Галичица“, а неговата реализација треба да почне од 1 август годинава.

– Во рамките на проектот ќе се спроведат истражувања и попис (инвентар) на водната флора и фауна на изворите „Свети Наум“ – најнови информации согласно меѓународно прифатена методологија. Ќе се прави проценка на видовите и живеалиштата според релевантните директиви (Европските директиви за видови и живеалишта, Европската директива за инвазивни и ненативни видови итн.), ќе се развијат еколошки едукативни пакети кои ќе се користат во Свети Наум за едуцирање на различни целни групи за вредноста на самото место и биолошките, еколошките и културолошките карактеристики. Предвидено е да се направи и проценка на состојбата на екосистемите и екосистемските услуги преку интегративен метод на оценување, соопшти ЈУ НП „Галичица“.

Резултати добиени од истражувањата во 10 месечниот период на реализација ќе бидат интегрирани во стратешките документи на ЈУ НП „Галичица“.

– УНЕСКО ќе работи заедно со избраните локации за да обезбеди резултатите да се вклопат во приоритетните области на нивните научни програми: Програмата за човекот и биосферата (MAB), Меѓувладината хидролошка програма (IHP) и Меѓувладината океанографска комисија на УНЕСКО (IOK), стои во информацијата.

Проектот на „Галичица“ е единствен за биосферен резерват и регион на природно и културно наследство на УНЕСКО, а ќе бидат финансирани и проекти во Грција, Словенија, Италија и Велика Британија.

Во март 2022 година, Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и abrdn добротворната фондација објавија три-годишно партнерство кое вклучува договор за финансирање проекти од локалитети запишани на листата на УНЕСКО (биосферни резервати, глобални геопаркови и локации на природно светско наследство). Тие ќе имаат за цел да промовираат одржливост преку истражување, образование и иновативни решенија за предизвиците на животната средина и климатските промени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHP

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки

МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHP

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот.

Во рамките на превентивните активности, привремено беше блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите.

Преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите.

Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата.

Министерството за дигитална трансформација, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (МКД-ГОВ-ЦСИРТ), продолжува со засилено и континуирано следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање.

Заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет на Министерството. Преку навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на соодветни безбедносни ажурирања, Министерството продолжува да ја зајакнува безбедноста на системите и да обезбедува сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научници го реконструираа лицето на човек кој живеел пред 315.000 години

Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе.

Научници го реконструираа лицето на човек кој живеел пред 315.000 години

Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе, иако имале поизразена вилица и помасивни карактеристики на лицето.

Фосилни остатоци откриени на археолошкиот локалитет Џебел Ирхуд во Мароко им овозможија на научниците увид во изгледот на раните припадници на видот *Homo sapiens*.

Врз основа на овие остатоци, бразилскиот 3D дизајнер Сисеро Мораес и неговиот тим изработија дигитална реконструкција на лицето на еден од најстарите познати претставници на нашиот вид.

Остатоците биле откриени во раните 1960-ти години, за време на ископувања на минерални суровини. Првично се верувало дека тие им припаѓаат на неандерталците; сепак, подоцнежните истражувања и новите методи на датирање покажаа дека тие се многу постари и дека им припаѓаат на раните припадници на видот *Homo sapiens*.

Две студии објавени во 2017 година потврдија дека фосилите се стари приближно 315.000 години, што значително го помести наназад временскиот период на познатото потекло на нашиот вид.

Бидејќи не е пронајден целосен череп од поединец, истражувачите комбинираа делови од повеќе фосилни остатоци откриени на истото наоѓалиште.

Најголемиот дел од черепот и горниот дел од лицето потекнуваат од примерок познат како „Ирхуд 1“ (Irhoud 1), додека долната вилица и забите се реконструирани врз основа на други пронајдени остатоци.

За изработка на дигиталниот модел се искористени и податоци добиени преку компјутерска томографија (КТ) на череп од современ човек. Со помош на специјализиран софтвер, моделот беше прилагоден за да одговара на обликот на коските, по што беа додадени меките ткива и други детали од лицето.

Мораес изработи две верзии на реконструкцијата: една во нијанси на сива боја, која ги истакнува анатомските карактеристики, и друга во боја, која вклучува кожа, коса и брада.

Сепак, оваа реконструкција не претставува прецизен портрет на конкретен поединец, туку дигитална апроксимација заснована на достапните фосилни и анатомски податоци.

„Поединец од Џебел Ирхуд би можел да помине незабележано во толпа, но поблискиот поглед би открил нешто што го издвојува – пред сè, неговите робусни црти и истакната вилица“, објасни Мораес за „ScienceAlert“. Наодите од локалитетот Џебел Ирхуд се значајни за разбирање на човечката еволуција.

Тие укажуваат на тоа дека одредени карактеристики на лицето на современиот човек постоеле многу порано отколку што претходно се претпоставувало, додека други анатомски одлики еволуирале постепено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер- Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност.

Николоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

“ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски.

Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа.

“На коридорот 10 со поддршка на ЕУ работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч.

Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце.

И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер