Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
1Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
ФудбалСо спектакуларниот гол на Алиоски, Македонија освои бод за СП против Белгија Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година.Одигравме реми против моќната Белгија, но Македонија може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем. Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски. Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков, а во 20. минута Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски. Максим Де Кујпер го отвори резултатот во 28. минута и им донесе водство на гостите. Македонија на феноменален начин го отвори второто полувреме на дуелот со Белгија, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1. Феноменална полуконтра која почна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со феноменална завршница на Елиф Елмас. И по ерупцијата на Тодор Проески следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд, а нашиот гол беше поништен. Во следниот период падна темпото, а дури во 70. минута во вториот дел Белгијците успеаја да стигнат до шанса, но статива погоди Раскин. Алиоски имаше одличен продор во 73. минута по кој го проигра Барди кој евидентно беше фауилиран, но Кавана не се одлучи да досуди пенал за нашиот тим, додека Македонија успеа да израмни преку Езџан Алиоски по асистенција на Дарко Чурлинов во 87. минута. Македонија покажа одлична игра, во текот на мечот имаше неколку шанси за гол, погоди две стативи, им беше поништен гол со ВАР, а имаше и ситуација при која многумина сметаа дека не е досуден пенал за „црвено-жолтите“. Македонските фудбалери продолжуваат со своите настапи во понеделник, кога во Астана ќе се соочат со Казахстан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекувањеПетмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола ќе одговараат за несовесно лекување на 40-годишна пациентка која во јуни 2024 година починала по тешко влошување на здравствената состојба.Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против интернистите за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението, тие се товарат дека во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година не ја утврдиле вистинската здравствена состојба на пациентката и не презеле соодветни дијагностички и терапевтски мерки. „Во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, лекарите пропуштиле навремено да ја дијагностицираат и третираат состојбата на пациентката. Таа првично се јавила во болницата со упат од матичен лекар под сомнение за тромбофлебитис, односно воспаление на вените. Сепак, без детални анализи и целосна анамнеза, лекарите ѝ поставиле погрешна дијагноза, ревматоиден артритис, и ја пуштиле на домашно лекување“, соопштија од ОЈО Битола. Според Обвинителството, со ваквиот пристап била пропуштена реална можност навреме да биде откриен тромботичниот процес, да започне соодветно лекување и да се спречи неговото понатамошно напредување. Случајот датира од крајот на мај и почетокот на јуни 2024 година. Четириесетгодишната пациентка првпат побарала помош во битолската болница на 28 мај, со сомнение од матичниот лекар за воспаление на вените, но била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена дома. Само неколку дена подоцна, на 1 јуни, повторно се вратила во болницата со силни болки во стомакот и значително влошена општа состојба. Овојпат била хоспитализирана. Според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски резултати, во следните четири дена не биле направени дополнителни испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија. Состојбата продолжила да се влошува, а попладнето на 4 јуни пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. Таму итно била оперирана, при што лекарите констатирале тромбоза на горната и долната мезентерична артерија и комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Болеста веќе била во напредната фаза и состојбата била оценета како неоперабилна. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студентиНови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години. Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа. Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство? На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома. „Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски. Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование. Тагови: студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаКос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство „Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување .„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување која треба да биде објавена следната недела, а веќе одекна како проект без преседан. Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) и бесплатен роаминг се дел од примерите како земјите кандидатки ќе се интегрираат во ЕУ додека трае пристапниот процес, објаснува еврокомесарката. -Ќе се обидеме со таканаречениот претпристапен преглед да разговараме со земјите-членки кои се областите каде што за оние земји-кандидатки на кои ќе им треба повеќе време би можеле да понудиме повеќе Европа пред полноправното членство. // Тоа не е замена за членството. Бидејќи принципот базиран на заслуги бара време, ќе можеме, откако земјата кандидат ќе ги исполни критериумите за делумна интеграција во различни области, да го сториме ова и пред целосното членство. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување . Според нацрт-предлогот во кој увид имаше реномираниот бриселски медиум Политико, стратегијата значи дека Европската Унија ќе го отвори својот огромен пазар вклучувајќи и непречена трговија за земјите во европската чекална, под услов тие да се усогласени со европската надворешна политика против непријателските држави и индустриските соперници. Во спротивно, пристапот ќе се суспендира - се предупредува во предлогот. -Пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно. - Политико. Новата стратегија за проширувањето ќе биде претставена на 6 октомври по што ќе биде проследена на пленарна сесија во Европскиот парламент, а на 16 октомври ќе се дискутира во Советот на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter