Со ново БМВ „разнел“ Мерцедес и два Пасата (ВИДЕО) - Канал 5

Со ново БМВ „разнел“ Мерцедес и два Пасата (ВИДЕО)

Сосема ново BMW M4 Competition ја заврши својата кратка кариера.

Со ново БМВ „разнел“ Мерцедес и два Пасата (ВИДЕО)

Видеото објавено на Редит започнува со снимка од задниот дел на новото БМВ со налепница „ Drift Happens “ над литванските регистарски таблички, на следниот кадар се гледа целосно удрен автомобил среде пат, додека Мерцедес Е- Класа и два VW Passat-и застанаа на другиот пат.

Страните на Мерцедесот и едниот Пасат се оштетени, додека на другиот Пасат најмногу настрада на задниот дел. БМВ -то, пак, застана со вртење за 180 степени и беше целосно уништено. Сите воздушни перничиња беа активирани од силината на ударот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

Американскиот разурнувач „УСС Бенфолд“ (USS Benfold) остана без погон и електрична енергија цели четири дена за време на рутински операции во регионот на Индо-Пацификот.

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на генераторот. Екипажот остана без функционални тоалети, климатизација, кујнски капацитети и системи за производство на вода за пиење. Иако морнарицата не ја откри точната локација, „USNI News“ објави дека разурнувачот се наоѓал во Јужното Кинеско Море, каде што дневните температури кон крајот на јули се движеле меѓу 32 и 37 степени Целзиусови.

За време на прекинот, крстосувачот „УСС Роберт Смолс“ (USS Robert Smalls) му достави на екипажот готови оброци, а помош пружија и други бродови од ударната група предводена од носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ (USS George Washington). „Бенфолд“ на крајот беше одвлечен до залив на Филипините, каде што поправките беа завршени до 8 август, по што бродот се врати во служба.

Сè уште се истражува причината за дефектот на генераторите. Ова е втор ваков инцидент со американски разурнувачи во регионот на Индо-Пацификот оваа година; во април, и разурнувачот „УСС Хигинс“ (USS Higgins) остана без напојување и погон во траење од неколку часа поради проблеми со електричниот систем.

Сè почести се извештаите за оперативни тешкотии кај различни видови бродови, што се поврзува со големиот притисок врз американската морнарица поради конфликтот на Блискиот Исток. И „УСС Бенфолд“ (USS Benfold) и „УСС Хигинс“ припаѓаат на класата разурнувачи „Арли Берк“ (Arleigh Burke), кои со повеќе од 70 бродови го сочинуваат столбот на американската морнарица.

Разурнувачот „Бенфолд“ е дел од придружбата на носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“, кој плови кон Блискиот Исток за да го замени носачот „УСС Абрахам Линколн“. Токму кај екипажот на „Линколн“ беше забележан драстичен пад на моралот, откако бродот помина повеќе од 250 дена на море без ниту едно редовно пристапување во пристаниште. Морнарите работат во долги смени и зад себе имаат 40 дена непрекинати борбени операции. Тие, исто така, се соочуваат со проблеми во снабдувањето со храна, вода и пошта. Во такви околности, членовите на нивните семејства известуваат за пад на моралот и појава на самоубиствени мисли кај дел од морнарите. Носачите на авиони вообичаено пристапуваат во пристаниште на секои 30 до 45 дена заради дополнување на залихите, одржување и одмор на екипажот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. 

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос.

Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати.

Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија.

СДС треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника?

Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер