Со многу неизвесност, дилеми и најави за бојкот утре почнува учебната година

Со многу неизвесност, најави за бојкот и дилеми околу нефункционалноста на он лајн платформата, утре почнува новаа учебна година.. 

Најави за бојкот, недоволен број на наставници, нефункционална платформа која е повеќе офлајн отколку онлајн, гневни родители. На ден пред официјалниот старт на учебната година низа проблеми за надлежните. Најгорливиот, освен функционалноста на платформа, е најавата за бојкот од страна на родители во голем број на училишта во Кичево, која ја потврди и градоначалникот Фатмир Дехари.

,,Преку писмо ја известив министерката дека можно е да имаме бојкот од страна на учениците и советот на родители на некои училишта. Ние како општина информиравме за сите услови што ги исполнуваат училиштата особено во руралниот дел, каде немаме интернет со поголем капацитет, бројот на ученици е релативно мал, а згора на тоа ги презедовме сите заштитни мерки според протоколот.

Министерката Мила Царовска вели дека бојкотот нема да донесе ништо добро. Побара да преовладее разумот за да се заштити општото здравје.

Бојкот најавија и средношколците, ама од следниот месец, доколку во октомври има стабилна епидемиолошка состојба, а не се дозволи комбинирана настава со физичко присуство.

Средношколците очекуваат утре националната платформа за онлајн учење да биде целосно во функција, оти надлежните имале пет месеци да ја креираат.

Од ФИНКИ уверуваат дека предизвиците се надминуваат.

Платформата тековно има околу 270 илјaди корисници, а на истата се креирани околу 150 илјади предмети.

Рама в недела ќе одржи собир во Атина

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји.

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји, а министерот за надворешни работи на Грција, коментираше дека посетата е во несоодветен момент, јави дописничката на МИА од Атина.

За посетата на Атина, која како што самиот премиер на Албанија напиша на платформата Икс, не е поврзана со внатрешните работи на Грција или евроизборите, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека завчера, официјално биле информирани за посетата на Рама, но не и за местото каде што ќе се одржи настанот.

Според медиумите во Грција, најверојатно попладнево бил постигнат договор собирот да биде во затворена спортска сала.

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио „Скај“ утрово коментираше дека се работи за приватна посета, а не за посета што доаѓа на покана на грчката Влада, без каква било формалност, а сето она што се однесува на организирањето е во надлежност на албанската страна.

-Грција е земја која длабоко ја има воспоставено својата демократска свест, длабоко воспоставено функционирање на владеењето на правото. Сите сфаќаме дека никогаш не би можело да се постави пречка на кој било странски лидер да дојде да ѝ се обрати на својата дијаспора, на своите сонародници. Што значи дека ние никогаш не би покренале прашање. Она што е навистина точно е несоодветниот момент на оваа посета, со оглед на фактот што од една страна албанските избори нема да се одржат пред 2025 година, а од друга страна веќе сме во предизборен период во пресрет на европските избори, рече Герапетритис.

Посетата на Рама на Атина е во период кога односите меѓу Грција и Албанија се заладени поради случајот со осудениот градоначалник на Химара Фреди Белери, кој иако е во затвор во Албанија е еден од 42-та кандидати за пратеници во Европскиот Парламент од редовите на грчката владејачка партија Нова демократија.

Кит се насукал на брегот на Орегон и експлодирал- го наполниле со 450 килограми динамит (ВИДЕО)

Поминале повеќе од 50 години, а луѓето сè уште раскажуваат за бизарниот настан снимен на брегот на Орегон.

Безживотно тело на кит, долго 14 метри и тешко осум тони, се насукал на плажата Флоренс. По неколку дена почнал да смрди, па надлежните реагирале.

Првично било планирано телото да биде закопано во песок, но постоела можност морето да го врати на површината, пренесува LadBible.

На крајот била донесена одлука телото да се наполни со 450 килограми динамит и да се разнесе. Расфрланите остатоци од китот, како што се очекувало, би биле изедени од диви животни.

Специјализирани екипи опколиле дел од плажата, каде се собрале љубопитни луѓе. Еден од граѓаните, искусен во рударството, предложил да се користи помалку експлозив, но не го послушале.

Телевизиските камери го снимиле целиот настан, вклучувајќи ја и детонацијата која го фрли лешот 45 метри во воздух!

Парчиња месо почнале да паѓаат врз насобраните луѓе и претставници на медиумите, а сѐ се претворило во катастрофа.

За среќа немало повредени, а оштетен бил и еден автомобил. Интересно, му припаѓал на човекот кој ги предупредил властите да ја намалат количината на динамит.

Сепак, најлоша била миризбата што се ширела покрај плажата, а очевидци велат дека била „двојно полоша“ од пред детонацијата.

Овој инцидент бил сфатен сериозно, а властите научиле како да не се справуваат со мртвите китови.

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел.

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа.

притисни ентер