Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево

Нови 22 случаи на голема кашлица се пријавени во државава од 26 април до 2 мај. 

Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 15, па во рамките на епидемијата во Куманово - два, а пријавени се случаи и во Прилеп - два, Кичево - еден и првите два случаја од Крушево. Од новите 22 случаи, четири се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.

Заклучно со 2 мај, во државава се регистрирани вкупно 538 случаи на голема кашлица. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога биле регистрирани вкупно 10 случаи.

Од заболените, хоспитализирани биле 77 лица, од кои 63 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 53 или 68,8 отсто, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 70 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.

Од 18 јануари до 30 април, дадени се вкупно 44.737 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Во текот на 18. недела од 2024 година - од 29 април до 5 мај, во земјава се евидентирани 52 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот. Заклучно со 18. недела во Република Северна М

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер