Со манифестацијата „Мостови" завршуваат Струшките вечери на поезијата - Канал 5

Со манифестацијата „Мостови" завршуваат Струшките вечери на поезијата

Со поетското читање „Мостови" и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци" и „Мостови на Струга" вечер завршува 60. издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.

Со манифестацијата „Мостови" завршуваат Струшките вечери на поезијата

Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19. Поетските читања ќе се одржат на летната тераса во хотел „Дрим", а не според традицијата на Мостот на поезијата. Поради пандемијата не присуствуваше ниту добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Таа имаше видео обраќање и читање поезија преку он-лајн врска.

Поетите учесници, кои присуствуваат во Струга ќе го посетат Вевчани и Вевчанските извори. На манифестацјата учествуваа 30-тина поети, дел од нив пристигнаа во градот на поезијата, а дел читаа поезија преку видео врски.

Во рамките на програмата синоќа беше промовирано „Македонско поетско соѕвездие" во чест на академик Георги Старделов. За делото говореше македонскиот поет, раскажувач, есеист и теоретичар Владимир Мартиновски, кој оцени дека академик Старделов оставил во аманет неодминлива книга за секој што ќе сака темелно да ги запознае одликите и естетските дострели на современата македонска поезија.

– Станува збор за невообичаено волуменозна книга (со без малку 900 страници), која се чита како врвна белетристика. Таа е еден вид синтеза и сума сумарум на долгогодишниот безрезервен и пасиониран ангажман на Георги Старделов во анализирањето, толкувањето, вреднувањето и промовирањето на дострелите на современата македонска поезија. Сочинета од пет претходно објавени книги, посветени на пет стожерни творечки личности за македонската литература и култура од првите две повоени генерации, „Македонско поетско соѕвездие" е еден вид петокнижие на македонската поезија на втората половина од 20 век, рече Мартиновски.

Петходно се одржа омаж во спомен на култниот македонски поет Богомил, а говореше претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата", Елизабета Шелева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер