Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
1Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
2Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
3МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
КултураСо концертот „Зорнина“ на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на ФилхармонијатаСо концертот насловен „Зорнина“ на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на Филхармонија насловена „Дамар на слободата“.-Секоја концертна сезона има ново име, оваа музичка сезона ја насловивме „Дамар на слободата“, а инспирација ни беше последниот концерт во претходната сезона кој беше насловен „Слобода“. Насловот произлезе од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Во новата сезона ќе не води дамарот, односно „пулсот“ на слободата. Насловите на концертите се инспирирани од архаични зборови во македонскиот јазик, со што сакаме да дадеме акцент на некои заборавени зборови од богатата ризница на нашиот јазик – вели Тина Иванова, директорка на Филхармонијата. На концертот на отворањето на сезоната како солисти ќе настапат врвните пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд. На програмата се дела од генијалниот Волгфанг Амадеус Моцарт – три клавирски концерти и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“. -За првпат во една концертна вечер ќе бидат изведени три концерти за пијано од Моцарт, што претставува своевиден куриозитет на овој концерт – вели Иванова. Со концертот насловен „Далга“ кој ќе биде изведен и во Скопје на 12 октомври, оркестарот на Филхармонија ќе гостува и во Белград на 16 октомври. Диригент на овој концерт е маестро Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи Рафаел Агире на гитара од Шпанија. На програмата се дела од Петровски, Родриго и Чајковски. -Гостувањето во Белград е од исклучително значење за нашата институција, историски настан за нас – вели Иванова. До крајот на сезоната публиката ќе има можност да проследи низа интересни концерти со возбудливи солисти и диригенти и да чуе деликатно избрана програма. До крајот на годината со оркестарот на Филхармонија ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев, Виктор Митревски, а како солисти ќе настапат и голем број македонски солисти – виолнистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски... Насловите на концертите во сезоната „Дамар на слободата“ се извлечени од богатата ризница на архаизми во македонскиот јазик – „Вида“, „Азно“, „Меѓа“, „Далга“... Во рамки на програмата до крајот на оваа година е и концертот за деца „Магичен глас“ како и концертот „Омаж за маестро Александар Џамбазов“ кој ќе се реализира во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонската музика“. Филхармонија за првпат по подолго време ќе соработува и со НОБ, со чии ансамбли заедно ќе го изведат Вердиевиот „Реквием“ на „Мајските оперски вечери“ како и музиката на Збињев Прајснер од филмот „Три бои сино“ на режисерот Кшиштоф Кишловски. Промоција на албумот „Филхармонија во срцето“ На отворањето на новата концертна сезона „Дамар на слободата“ ќе биде промовирано и новото це-де „Филхармонија во срцето“ кое го издаде „Con:tempo“ во соработка со Филхармонија на РСМ. -Исклучително сум среќна што токму овој концерт се најде на це-дето, бидејќи станува збор за изведба во живо – вели Дијана Имери Илкоска, диригентката која во водеше концертот „Филхармонија во срцето“. Албумот е снимка од истоимениот концерт на Камерниот оркестар на Филхармонија кој го водеше диригентката Дијана Имери Илкоска, а како солисти настапија Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). На албумот може да се слушне изведбата на дела од Антон Аренски, Антонин Дворжак и од македонскиот композитор Томислав Зографски. Проекција на филмот „Амадеус“ во Кинотека Во соработка со Кинотеката на Р.С. Македонија, во среда, на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе се прикаже антологиското кинематографско дело на режисерот Милош Форман – филмот „Амадеус“ биопик, посветен на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. Проекцијата на филмот ќе биде своевидна увертира, пред концертот на 6 октомври на кој оркестарот на Филхармонија и пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења ќе изведат четири дела од богатиот музички опус на Волфганг Амадеус Моцарт. -Успеавме да ги обезбедиме правата за прикажување на филмот, откако го исконтактиравме синот на продуцентот на филмот „Амадеус“. Парите со кои требаше да ги платиме парите за прикажување, на барање на продуцентската куќа ќе ги донираме во хуманитарни цели – вели Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Р.С.Македонија. Филмот „Амадеус“ е снимен во 1984 година, а сценарист е Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која акцентот е ставен на наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија, во втората половина на XVIII век. „Амадеус“ беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „оскари“ (вклучувајќи и „оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една од Режисерското здружение на Америка. Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години... 100 филмови“. Освен проекцијата на „Амадеус“, Кинотеката во соработка со Филхармонија ќе прикаже уште четири филмови „Малер“ на Кен Расел, „Проба на оркестарот“ на Фредерико Фелини и немиот филм „Сатанска рапсодија“ од 1917 година за кој музиката ја напиша Пјетро Маскањи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Провокативната Нивес со интересни фотки и поракаХрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака. „...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес. Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници. Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста. Тагови: нивес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБелгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија. Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT. „Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис. Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон. Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира. „Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени. „Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционериДимитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека ЗНАМ продолжува директно и отворено да разговара со граѓаните и да покажува што значи одговорна политика, особено преку теренскиот караван кој во изминатиот период ги поврза раководството, функционерите и членството на движењето со граѓаните низ целата држава. Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати. „Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде кадешто делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“ порача Димитриевски. Тој нагласи дека за ЗНАМ најважно е политиката да се мери со работа и резултати, а не со анкети, политички конструкции и медиумски наративи. „Најдоброто јавно мислење е на избори. И тоа кога и да се, ние сме подготвени“ порача претседателот на ЗНАМ. Говорејќи за државните интереси и европската интеграција, Димитриевски беше јасен дека ЗНАМ останува на својот став дека јазикот, културата, идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички пазарења. Во однос на уставните измени, тој повтори дека ЗНАМ цврсто стои зад моделот на уставни измени со одложено дејство, односно нивните ефекти да настапат по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. „Јазик, култура, идентитет, историја, никој не смее да чепне во тоа. Што се однесува до францускиот предлог или европскиот предлог, тој за нас не е прифатлив“ истакна Димитриевски. Тој порача дека Македонија мора да продолжи да разговара со европските партнери и да бара решение, но решение во кое државата нема повторно да биде изложена на дополнителни блокади и условувања. Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата останува коректив одвнатре, особено кога станува збор за прашања што ги засегаат државните симболи, националниот идентитет и принципите на кои се темели државноста. Во пресрет на 35 годишнината од независноста, претседателот на ЗНАМ упати порака дека државата мора да се гради со чувство на припадност, одговорност и гордост. „Ние како политичка гарнитура треба да ги направиме младите генерации и горди Македонци“ порача Димитриевски, додавајќи дека Македонија мора да биде држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви права и еднаква одговорност кон нејзината иднина. ЗНАМ ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните и да работи за граѓаните, затоа што политиката за ЗНАМ не е работа само за избори, туку секојдневна обврска да се слушне народот, да се презентира сработеното и да се понуди решение за иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter