Со изведна на „Отело" и доделување на наградите завршува 18. фестивал „Стоби" 2021 - Канал 5

Со изведна на „Отело" и доделување на наградите завршува 18. фестивал „Стоби" 2021

Со претставата „Отело", копродукција меѓу „Перипетија", МНТ, МКД и НП Зеница, која ќе биде изведена во чест на лауреатите, вечер во Велес завршува 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби" 2021.

Со изведна на „Отело" и доделување на наградите завршува 18. фестивал „Стоби" 2021

Претходно ќе бидат доделени и традиционалните награди: Гран при за најдобра претстава, за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија. Наградите нема да бидат како досега, статуетка со Менада, туку по еден дијамант од спонзорот „Божиновски".

Изборот на најдобрите го направи жирито во состав: Васил Зафирчев и Кети Борисовска, двајцата актери, како и Розе Трајчевска, костимограф.

На фестивалот беа изведени претставите „Орестија" копродукција меѓу велешкиот театар и Националната опера и балет, „Исмена" на велешкиот Народен театар, „Орестија1/4" во продукција на МКЦ од Скопје,„Протеј, дел од сеќавање кое недостасува" во продукција на тетарот Анд Ленд од Грац, Австрија,„Бакхи, краток преглед на распадот" во продукција на Народниот театар од Битола и „Едип коментари" во продукција на НУЦК „Ацо Шопов" од Штип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Во вторник (13.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Стефанија Костадинова

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Состојки за денешниот рецепт:

500 мл. млеко

1 пудинг од ванила

3 лажици густин

6 лажици шеќер

250 гр. маргарин

250 гр. шеќер во прав

2 пакетчиња кокос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер