Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
Веб ТВСо грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во ЖелезницатаСо еден милион евра грант од Светската банка ќе се прави проект за реформа во железничкиот сектор. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставниот суд организираше тркалезна маса на генералните секретари на балканските уставни судовиФорумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба.Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста и заштитата на човековите права“. Форумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба. Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска и тим-лидерот на ЕУ-проектот Карстен Манке. На Форумот учествуваа генерални секретари и претставници на уставните судови од Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Република Македонија, кои ги презентираа искуствата на своите институции и разменија добри практики за организацијата на работата на уставните судови. Во рамки на презентациите беше претставен новиот Правилник за внатрешна организација на Уставниот суд, донесен во октомври 2025 година, со кој е воспоставена организациска структура од 13 организациски единици што обезбедуваат стручна и административна поддршка на судот. Посебен акцент беше ставен на јасната поделба меѓу судиската и административната функција, улогата на генералниот секретар во координацијата на службата и дигиталното управување со предметите. Учесниците беа запознаени и со систематизацијата на работните места во Стручната служба на Уставниот суд, која предвидува 71 работно место, од кои 54 се пополнети, како и со моделот за распределба на предметите и организацијата на работата на правните советници. Беше презентирано и дека во текот на 2025 година Уставниот суд работел на 520 предмети, од кои 229 биле завршени, додека останатите продолжиле во работа во текот на следната година. На Форумот беше претставен и новиот систем за оценување на вработените во Стручната служба, кој се темели на континуирано следење на работата, месечни извештаи и оценување според три критериуми – навремено извршување на работните задачи, стручност и работен ангажман, како и професионално однесување. Во дискусијата беа разгледани и можностите за дополнително унапредување на системот преку воведување мерливи показатели за успешност, поголема транспарентност и развојни планови за вработените. Во текот на тридневниот Форум се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во регионот, со посебен акцент на зајакнувањето на институционалните капацитети, модернизацијата на административното работење и размената на искуства меѓу уставните судови. Форумот заврши со заклучок дека ваквите средби придонесуваат за поефикасна организација на работата, унапредување на професионалните стандарди и натамошно зајакнување на регионалната соработка меѓу уставните судови.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаОфицијална посета на Гаши на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕКПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, на покана на претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, од 30 јуни до 1 јули 2026 година, ќе оствари официјална посета на Грузија.Делегацијата што ќе ја предводи претседателот, ја сочинуваат и пратеничките: Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членки на Пратеничката Група за соработка со Грузија во Собранието, како и заменик - генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи. Претседателот Гаши, покрај средбата со неговиот колега, претседателот Папуашвили, ќе има средба и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили, како и со премиерот Иракли Кобахидзе. Претседателот Гаши ќе учествува и на пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува во Грузија, каде меѓудругото, ќе има и свое обраќање.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССК го одржа годишното собраниеСојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09