Шоу бизРаперот 50 Cent ќе тужи докторка- пластичен хирург: Никогаш не сум го зголемувал половиот орган50 Cent тужи докторка-пластичен хирург во Флорида за која тврди дека користела заедничка фотографија за лажно да претстави дека бил опериран во нејзината клиника.Според судските документи, американскиот рапер ја тужел Анџела Коган и нејзината компанија Perfection Plastic Surgery и MedSpa. Тој раскажа како се фотографирал со Коган пред две години бидејќи, како што изјави, мислел дека таа е негова обожавателка. Сепак, пластичниот хирург продолжила да ја користи таа фотографија на социјалните мрежи за да ја промовира својата работа. Ситуацијата ескалира кога The Shade Room направиле приказна за мажи кои биле подложени на процедури за зголемување на пенисот, и ја искористиле гореспоменатата фотографија како дел од таа приказна. 50 Cent нагласи дека Коган и нејзините соработници се свесни дека тој никогаш не бил подложен на каква било операција на клиниката и сака тие да престанат да ја користат фотографијата. Тој рече дека предметната фотографија му штети на неговата професионална работа и дека пластичниот хирург го злоупотребува неговото име и работа. Тој дури одлучил да бара финансиска отштета од Коган поради објавувањето на фотографијата. Иако федералниот судија сакаше да ја отфрли тужбата на раперот, судијата Роберт Н. Скола Џуниор рече дека наводите во тужбата се доволно силни за да се продолжи со случајот. Коган тврди дека фотографијата од Инстаграм е само заблагодарување на музичарот што ја посетил нејзината канцеларија. „Бидејќи самите обвинети ја презедоа обврската да го објават видеото на нивните профили на Инстаграм, Џексон веројатно може да тврди дека обвинетите неовластено ја користеле неговата сличност за да го промовираат својот бизнис“, објаснил судијата Скола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook