Со години не може да се реши проблемот на учениците во ООУ „Његош“ во Јурумлери - Канал 5

Со години не може да се реши проблемот на учениците во ООУ „Његош“ во Јурумлери

Родителите од Јурумлери не ги пуштаат своите деца на настава, револтирани од идејата за отварање на нова паралелка за следење настава на албански јазик, за која што велат дека нема простор поради веќе преполнетиот капацитет на училиштето.

Со години не може да се реши проблемот на учениците во ООУ „Његош“ во Јурумлери

- Учениците од ООУ Његош, веќе 10тина дена не посетуваат настава, а соодветно решение за надминување на нивниот проблем, сеуште нема.

Станува збор за 13 албански ученици од 6то одделение кои моментално наставата на својот мајчин јазик ја следат во училиштето во с.Огњанци, до каде им е обезбеден платен превоз, но нивните родители бараат отварање на паралелка за нив во Његош. Од одборот на родители на училиштето, велат дека во оваа ситуација оштетени се децата .

-Нашите ученици бројат паралелки од 33 дечиња и повеќе. Дечињата седат по тројца во една клупа..Овие дечиња не се воопшто дискриминирани ниту се обесправени, напротив тие имаат право и посетуваат настава на свој мајчин јазик. Нашите деца немаат платен превоз патуваат пешки по 3 и повеќе километри по регонален пат којшто е небезбеден за нив-- Соња Милановска Цветковска.

Родителите велат дека имале средба и со министерто за образование Шакири и со градоначлникот на Гази Баба Стефковски, но не успеале да изнајдат решение..

Од МОН за Канал 5 велат дека се отворени за продолжување на разговорите, и потенцираат дека станува збор за проблем кој се провлекува 20 години наназад. Како привремено решение нудат доградба на училиштето..

Градоначалникот Стефковски, пак, вели дека оваа ситуација е вештачки создадена криза и дека во училиштето нема услови за нова паралелка.

-Учениците кој сакаат да ја следат предмената настава на албански јазик општината им обезбедува бесплатен автобуски превоз до училиштето во Огњанци. Не знам од која причина министерот Шакири наместо кон решавање на овој проблем, состојбата ја носи кон нови проблеми. – вели Стефковски за Канал 5.

И МОН и општината трајно решение на проблемот гледаат во израдба на ново училиште во Идризово.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка.

Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината.

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Паркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. 

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер.

Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината.

„Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски.

„Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина.

„Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски.

А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар.

Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер