Снегот предизвика хаос во Франција, стотици возила останаа завеани на автопат (ВИДЕО)

Обилните врнежи од снег и мраз вчера вечер предизвикаа проблеми во сообраќајот на истокот на Франција, објави регионалниот весник „ Le Dauphine Libere “.

Стотици возила заглавија ноќта на автопатот А40 кај градот Белегард-сур-Валсерин, близу границата со Швајцарија, поради лошите временски услови, пренесоа медиумите.

Локалните власти соопштија дека се ангажирани служби за чистење снег и ја повикаа јавноста да биде претпазлива и да го ограничи патувањето.

Членовите на Црвениот крст помагаат на теренот, потврдија властите.

Градоначалникот на погодената област Белегард-сур-Валсерин организирал прием за сите погодени од невремето во градското собрание, според Ле Дофин Либере.

Експертите предупредуваат дека ваквите врнежи од снег се чести во овој период од годината и можат да предизвикаат значителни потешкотии во сообраќајот.

Синдикат на полиција ги осуди денешните напади врз полицајци на Бит пазар

Синдикат на полиција на Македонија изразува безрезервна подршка на сите припадници на МВР кои  денеска учествуваа во обезбедувањето на јавниот ред и мир, а во врска со одржаните протести за случајот „Монструм”.

Истовремено, Синдикатот на Полицијата на Македонија, како што стои во соопштението најостро ги осудува денешните напади врз припадниците на полицијата и ги повикува институциите да ги преземат сите мерки за соодветно кривично правно процесуирање на сторителите.

Апелираат кон актуелното раководството на МВР настанот да не го злоупотребуваат во маркетиншка намера и со тоа, стои во соопштението, повредените колеги дополнително да не ги изложуваат на непријатни состојби.

Во тек се разговори за вакцината „Спутник V", пристигнувањето на кинеските се одложува

Министер за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е потпишан договорот за набавка на руската вакцина „Спутник Петти", а од вчера течат и разговорите со производителот. 

За да се забрза набавката на вакцините се ангажирал и рускиот амбасадор во нашата држава Сергеј Александрович Баздникин, соопшти Филипче.

-Покрај разговорите за кинеската вакцина и вакцините на „Фајзер", сега течат и преговорите и за „Спутник Петти", рече Филипче, додавајќи дека за „Синофарм" и „Фајзер" во тек се финалните прашања. Но, како што рече, треба да се остави малку резерва, оти досега се покажало дека производителите секогаш имаат дополнителни прашања.

И покрај најавите дека 200.000 вакцини „Синофарм" ќе пристигнат до крајот на февруари, министерот рече оти нивното пристигнување ќе се одложи за неколку дена.

Тој информираше дека досега се вакцинирани околу 2000 здравствени работници, кои работат со ковид-пациенти.

-Завршена е вакцинацијата на вработените во здравствените установи во Скопје. Сега продолжува и во другите болници низ државата. Следуваат вработените во лабораториите, каде се дијагностицира коронавирусот, потоа ќе бидат вакцинирани матичните лекари и дел од стоматолозите на клиника. Со што ќе биде заокружена бројката од 4000 здравствени работници кои работат со ковид-пациенти, рече Филипче.

Заврши насилниот протест за поддршка на осудените во „Монструм"

Учесниците во денешниот протест за „Монструм", но и полицајците се повлекуваат од локацијата на Бит Пазар. 

До тука стигнаа демонстрантите, кои по полициска проценка за можни инциденти беа спречени да ја поминат претходно планираната маршрута – од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде првично планираа да дадат изјави.

Ситуацијата во моментов е смирена, протестот заврши. Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм", но и за други судски случаи и откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полициајците, го прогласија протестот за завршен.

Дел од учесниците во протестот одбиваа да се повлечат и продолжија да фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот, некои од нив маскирани се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.

Според извори од МВР во инцидентите се повредени седум припадници на полицијата.

Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон, на локацијата на Бит Пазар. Полицискиот кордон ги потиснуваше демонстрантите, кои бараа од полицијата да им го ослободи патот за да стигнат до судовите и Владата. За да ги растера демонстрантите полицијата употреби и шок бомби.

Во своите изјави организаторите бараа меѓународни експерти да ги преиспитаат случаите „Монструм", „Алмир", „Алфа", „Харун Алиу", „Бродец" и други, а некои од нив побараа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти Владата.

– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи". Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.

Протестот беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм" по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител. /МИА

притисни ентер