Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
БалканСнег и невреме во Хрватска по топлите пролетни денови (ВИДЕО)Голема промена и пониски температури за 20 тина степени во Хрватска , каде на повеќе места падна снег , а имаше и невреме со град и дожд.Хрватското крајбрежје е зафатено со силно невреме со дожд и град , каде е издаден и црвен метео аларм. Заврна дожд со бура , додека на планинските превои , како и во карловац , падна снег. Биле забележани над 2 000 удари на громови , како и град во Истра и северниот дел на крајбрежјето. Снег падна во Лика и Горски Котар , како и во Славонија. Невремето се движи кон исток , така што се очекува температурите да паднат во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните. Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани. На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк РутеПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура. За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН. Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција. Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност. Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter